ИЗМАМА СО ДОБРОТВОРНИ ДОНАЦИИ: Собрани 250.000 евра за НЕПОСТОЕЧКО дете, реагира д-р Лазаров!
Објавено во: Финансии, Македонија 30 Јули, 2025 14:05
Ненад Лазаров, доктор специјалист по гинекологија и акушерство, упати јавен апел за итна реакција од надлежните институции, откако беше откриена сомнителна донациска кампања со злоупотреба на емоциите на граѓаните, во која според информациите досега се собрани повеќе од 250.000 евра.
Преку својот профил на Фејсбук, Лазаров ги предупреди граѓаните да не наседнуваат на објави кои циркулираат на социјалните мрежи, а се поврзани со наводно болно дете по име Даниел.
Според податоците објавени од донациската платформа Ecrowd.mk, станува збор за измама организирана преку непостоечка фондација со име DAWN OF A CHILD INC., наводно со седиште во САД. Домeнот преку кој се прибираат донации – https://be.dawnofchild.org – е регистриран во Исланд, што, според Ecrowd.mk, е чест избор за измамници кои сакаат да го сокријат својот идентитет.
„Такво правно лице не постои. Веќе има речиси 1.000 донатори, најмногу од Македонија и Бугарија. Линкот до објавата е очигледно креиран со вештачка интелигенција. Станува збор за класична измама. Не наседнувајте!“, се наведува во соопштението на Ecrowd.mk.
Граѓаните кои веќе уплатиле средства се повикуваат да ја пријават измамата во Министерството за внатрешни работи (МВР), доставувајќи банкарски изводи како доказ. Исто така, се советуваат веднаш да ги откажат сите евентуални претплати преку матичните банки, за да спречат понатамошно одземање средства.
Доктор Лазаров побара итна реакција од МВР и истрага за да се спречат понатамошни измами и злоупотреби на довербата на граѓаните.
Фото: ФејсбукМожеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




