ИЗМЕНИ ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА НЛБ БАНКА - од следната година Кирил Бухов на местото на Игор Давчевски
Објавено во: Економија 20 Ноември, 2025 08:07
Управниот одбор на НЛБ Банка наскоро со нов член. Согласно инфомрациите кои компанијата ги објави на Македонска берза, од почетокот на следната година во УО нов член ќе биде Кирил Бухов.
Од Банката исто така известија дека се продолжува мандатот на Катерина Јанковиќ, која ќе биде дел од УО во следните четири години.
Со започнување на мандатот на Бухов, завршува мандатот на досегашниот член Игор Давчевски.
- Ве известуваме дека на ден 18.11.2025 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија се издадени Решенија со кои се издава претходна согласност за именување/реименување на:
- г-ѓа Катерина Јанковиќ, која е реименувана за Член на Управен одбор со мандат од 4 (четири) години, започнувајќи од 30.01.2026 година
- г-дин Кирил Бухов, кој е именуван за Член на Управниот одбор, со мандат од 1 (една) година, започнувајќи од 03.01.2026 година
Со издавање на Решението од НБРСМ за именување на г-дин Кирил Бухов, Ве известуваме дека престанува мандатот на г-дин Игор Давчевски, Член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, заклучно со 02.01.2026 година - се појаснува во соопштението објавено на Берза.

Фото: Кирил Бухов и Игор Давчевски /Принтскрин/ Социјални мрежи
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




