ИЗНЕНАДНА СМРТ: Почина поранешниот бугарски претседател!
Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2015 15:32
Жељо Желев, претседателот на Бугарија од 1990 до 1997 година починал изненадно денеска во 79 година од животот.
Желев бил филозоф, почитувана јавна личност, државник. Бил основач на клубот за поддршка Гласност и Престројка како и на Унијата на демократски сили, со чија парламентарна група подоцна претседавал, јавува бугарската агенција БТА.
Парламентот на 1 август 1990 година го избрал а потоа во 1992 е реизбран за на првите директни претседателски избори во Бугарија.
Бил покровител на Либералната интернационала од 1993 и почесен претседател на Либерално демократската партија Алтернатива од 1997 година.
Бил одликуван со највисоките државни одликувања и добитник е на многу академски државни награди, соопштува Бугарската влада на конференцијата за новинари.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




