09 Октомври, 2024
0.0268

ИЗРАЕЛ ГО УБИ ИРАНСКИОТ ГЕНЕРАЛ ВО СИРИЈА: Безмилосен напад на ИД врз станбена зона на Дамаск! (ВИДЕО)

Објавено во: Свет 20 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Четворица воени советници на иранската револуционерна гарда наводно биле убиени во израелски воздушен напад врз Дамаск, според ИРГЦ, како што објави државната новинска агенција Тасним.

– Бруталниот криминален режим на Израел повторно го нападна градот Дамаск. Како резултат на воздушниот напад на борбени авиони на узурпирачкиот режим на агресор, загинаа неколку припадници на сириските сили и четворица воени советници на Исламската Република Иран - според ИРГЦ.

Тасним пренесува дека неколку сириски цивили биле убиени и за време на израелски воздушен напад во областа Меза во Дамаск.


Весникот „Шарг“ наведува дека меѓу загинатите ирански офицери е и заменик-шефот на разузнавачките служби на специјалните сили на ИРГЦ Ал-Кудс, генералот Садег Омиџадех.

Локалните медиуми јавуваат дека четирикатницата била целосно уништена при нападот.

Неколку цивили се убиени и повредени во израелски напад врз сирискиот главен град Дамаск, соопшти сириското Министерство за одбрана.

– Израелскиот непријател изврши воздушен напад од окупираната Голанска Висорамнина околу 10:20 часот, при што погоди станбена зграда во областа Ал Меза во градот Дамаск. Нашите системи за противвоздушна одбрана одговорија на непријателските ракети и соборија некои од проектилите. Како резултат на агресијата, неколку цивили загинаа и беа повредени, зградата беше целосно уништена, а соседните куќи беа оштетени - се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Сирија.


ИД редовно изведува напади на територијата на Сирија.

Високиот воен советник на Иранската револуционерна гарда, да потсетиме, беше убиен неодамна во израелски воздушен напад во близина на сириската престолнина Дамаск. Генералот Сајед Рази Мусави, наводно, бил задолжен за координација на воениот сојуз меѓу Сирија и Иран.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист