16 Јануари, 2025
0.0301

ИЗРАЕЛ ЗНАЕЛ ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ДЕКА ХАМАС ПЛАНИРА НАПАД БЕЗ ПРЕСЕДАН. Сметале дека тоа е нереално, пишува Њујорк тајмс

Објавено во: Свет 01 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Израелските власти го добија планот на Хамас за напад без преседан врз Израел повеќе од една година пред упадот на 7 октомври, но сметаат дека таквото сценарио е нереално, пишува Њујорк Тајмс, врз основа на преглед на доверливи документи.

Израелското воено разузнавање дошло до документ од палестинското исламистичко движење Хамас од околу 40 страници, во кој детално се опишува голем напад како оној што го извршија екстремистите на 7 октомври во Израел, пишува четврточното издание на американскиот дневен весник.

Во овој документ, кој циркулираше во разузнавачките кругови под кодното име „Ѕидот на Ерихон“, не беше наведен датумот на можниот напад, но беа прецизирани точките поврзани со израелскиот безбедносен систем и нападите врз градовите и воените бази.

Во документот се наведени планови за ракетен напад, беспилотни летала кои ги уништуваат безбедносните камери и одбранбените системи и борците кои преминуваат на израелската страна со параглајдери, автомобили и пеш.

Сепак, „не можеше да се утврди“ дали планот бил одобрен од раководството на Хамас и што тој би можел да значи во реалноста, според внатрешен израелски воен документ што го видел „Њујорк тајмс“.


Можеби ќе ве интересира

„НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА ШТО Е ШАБАТ, ДОАЃАМ: Како само со еден разговор човекот на Трамп го „заузда“ Нетанјаху

„НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА ШТО Е ШАБАТ, ДОАЃАМ: Како само со еден разговор човекот на Трамп го „заузда“ Нетанјаху

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

БАЈДЕН: Зголемете ја потребната хуманитарна помош за палестинските цивили и повторно обединете ги заложниците со семејствата

БАЈДЕН: Зголемете ја потребната хуманитарна помош за палестинските цивили и повторно обединете ги заложниците со семејствата

(ВИДЕО) ВО ГАЗА И ТЕЛ АВИВ СЕ СЛАВИ: Ги израдува веста за примирјето

(ВИДЕО) ВО ГАЗА И ТЕЛ АВИВ СЕ СЛАВИ: Ги израдува веста за примирјето

НЕТАНЈАХУ ВЕЛИ ДЕКА ИМА УШТЕ НЕКОЛКУ КЛАУЗУЛИ: Очекува финализирање на договорот со Хамас во следните часови

НЕТАНЈАХУ ВЕЛИ ДЕКА ИМА УШТЕ НЕКОЛКУ КЛАУЗУЛИ: Очекува финализирање на договорот со Хамас во следните часови

ЗАЛОЖНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ: Трамп е задоволен што Израел и Хамас се договорија за примирје

ЗАЛОЖНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ: Трамп е задоволен што Израел и Хамас се договорија за примирје

ИМА ЧИСТ ВОЗДУХ И ВОДА: По што друго е познат Гренланд?

ИМА ЧИСТ ВОЗДУХ И ВОДА: По што друго е познат Гренланд?

(ВИДЕО) ОВА ПОТТИKНА БУРНИ РЕАКЦИИ: Пратеничка му ја бакна раката на Ердоган и доби 200 лири

(ВИДЕО) ОВА ПОТТИKНА БУРНИ РЕАКЦИИ: Пратеничка му ја бакна раката на Ердоган и доби 200 лири

Еди Рама на колена и честиташе роденден на Џорџа Мелони, еве каков поклон и подготви (ВИДЕО)

Еди Рама на колена и честиташе роденден на Џорџа Мелони, еве каков поклон и подготви (ВИДЕО)