09 Октомври, 2024
0.0261

ИЗРАЕЛЦИТЕ ПРОТЕСТИРАА: Хамас не сака да слушне за враќање на заложниците

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Израелците протестираа барајќи враќање на заложниците, но Палестинците од Хамас не сакаат да чујат за тоа. Членови на семејствата на заложниците кои ги држи палестинската терористичка група Хамас во Газа упаднаа денеска на состанокот на комисијата за финансии во израелскиот Парламент, извикувајќи „нема да седите овде додека таму тие умираат“.

Членовите на семејствата синоќа поставија шатор во Ерусалим и ветија дека ќе останат таму додека Владата не постигне договор за ослободување на некои од заложниците. Роднините на заложниците ги интензивираа протестите во последните денови, барајќи Владата да направи повеќе за ослободување на нивните блиски. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ја продолжи офанзивата до „тотална победа“ против Хамас и дека ќе ги врати сите преостанати заложници.

Додека израелските сили го засилуваат нападот врз Кан Јунис во јужниот дел на Газа, високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, изјави дека одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги запре воените операции „значи дека нема шанси за враќање на израелските заложници“. Хамас, како што пренесува Ал Џезира, бара траен прекин на бомбардирањето, повлекување на копнените трупи од Газа и ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори во замена за 136 заложници. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли барањата на Хамас.

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека начинот на кој Израел ја спроведува својата војна против Хамас во Појасот Газа „сее омраза со генерации“. 

Шпанија ќе се залага за траен прекин на огнот во Појасот Газа и признавање на палестинска држава на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија во Брисел. Хамас на 7 октомври лани го нападна Израел, а во операцијата на израелската армија во Газа загинаа над 25.000 Палестинци. 

Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист