Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника Жан Митрев
Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2024 13:20
Првата неврохируршка операција на Одделот за неврохирургија во Клиника Жан Митрев е изведена со врвен неврохируршки микроскоп, единствен во државата. Неврохируршкиот тим предводен од проф. д-р Владимир Рендевски, заедно со д-р Михаил Таушанов и останатите членови на интердисциплинарната медицинска екипа, успешно изведоа операција на ‘рбетниот столб на пациентка со огромни болки во кичмата и неподвижна десна нога.

Со исклучителното ниво на визуелизација преку микроскопот чии оптички леќи ги пребојуваат туморите, беше обезбедена јасна дистинкција на болното од здравото ткиво, што овозможи искусниот тим со најмала инвазивност да ги отстранат сите тумори.

Микроскопот од брендот Цајс модел Киево 900, е единствен во државата од ваков вид и со ваква примена. Со неговите врвни перформанси се овозможува висок степен на визуелна прецизност при оперативни зафати од разни патологии од доменот на неврохирургијата вклучувајќи и васкуларни заболувања како аневризми и онколошки заболувања односно карциноми. Во иднина ќе биде користен за интракранијални и кичмени операции за кои досега пациентите заминуваа најчесто надвор од државата.

Можеби ќе ве интересира
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година




