05 Декември, 2025
0.2861

Годинава – поевтини нафтени деривати !

Објавено во: Финансии 25 Февруари, 2014 08:22

Добивај вести на Viber

Нема оптимизам за црната металургија. Најновиот Извештај за економските движења и очекувања упатува на натамошни влошувања во овој бизнис. Од друга страна, анализата на НБРМ покажува дека годинава се очекува пад на цените на нафтените деривати на светските берзи со поголемо темпо од она што беше предвидено во октомврискиот извештај. Вкупното економско закрепнување ќе биде бавно, но сепак и во четвртиот квартал според НБРМ, македонската економија ќе испорача раст. Еве кои се најновите прогнози на Народната Банка: И во четвртиот квартал од 2013 година – раст на БДП! Голем пад на цената на никелот, но и на бакарот се очекува во текот на оваа година. Стапките на пад на цените се поголеми од оние што претходно ги проектираше Народната Банка.
“На годишна основа, за 2014 година е извршена надолна ревизија на прокетираните ценовни промени на металите. При поголем пад на цената на никелот и пад наместо раст на цената на бакарот и при натамошни надолни притисоци од поволните услови на страната на понудата на овие метали“, пишува во Извештајот на Народната Банка.
Како главен ризик за ваквата состојба се посочува забраната за извоз на никел што ја воведе Индонезија на почетокот од оваа година. Можно подобрување во металургијата се очекува во 2015 година, за кога се прогнозира побрзо закрепнување на цените на никелот и на бакарот. Нови прокеции и за цената на нафтата Според очекувањата, во првиот квартал од годинава цената на нафтените деривати на светските берзи ќе се намалува со поголемо темпо од она што беше предвидено со октомврискиот извештај.
“Надолната ревизија на цената на нафтата е извршена за целата 2014 година, имајќи ги предвид проекциите за раст на понудата на нафта, главно од земјите надвор од ОПЕК и ефектите од постепеното намалување на обемот на квантитативното олеснување од страна на ФЕД“ - оценува аналитиката на НБРМ.
Намалувањето на цените на нафтените деривати се очекува да продолжи и во 2015 година. Токму од цената на суровата нафта на светските пазари зависат и цените на нафтените деривати во Македонија, односно на секои две недели цените на дериватите во земјава се формираат врз основа на два параметри, курсот на денарот во однос на доларот и цената на суровата нафта на светските берзи. Иако годинава се очекуваа економско закрепнување, сепак Народната банка упатува на тоа дека ризиците сеуште демнат.
“Се очекува дека економското закрепнување ќе биде бавно, додека надолните ризици и натаму се најзастапени и се поврзани со неизвесните движења на финансиските пазари, особено во брзорастечките економии, можноста за послаба домашна и извозна побарувачка од оценетата, како и бавното и несоодветно спроведување на структурните реформи во земјите-членки на евро-зоната“, се констатира во Извештајот на Народната Банка.
Според НБРМ, и четвртиот економски квартал македонската економија ќе испорача позитивна стапка на економски раст.
“Расположливите високофреквентни показатели за економската активност укажуваат на натамошен раст на домашната економија и во текот на последниот квартал на 2013 година. Притоа, се очекува слична динамика на раст како и во третиот квартал, при натамошни позитивни остварувања кај дел од клучните економски сектори, пред сѐ кај градежниот и индустрискиот сектор“, оценуваат од НБРМ.
Ваквите очекувања се крепат со податоците за раст на индустриското производство од 6,4% на годишна основа, засилување на растот во градежниот сектор во текот на октомври и ноември како и зголемување на личната потрошувачка, пред се поради заголемената кредитна активност кај населението. Во четвртиот квартал во однос на третиот квартал е регистриран раст на приходите од ДДВ, носечкиот данок од кој се полни државната каса. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката