Како инфлацијата ги стопи платите во Македонија?
Објавено во: Економија 03 Мај, 2013
“При инфлација од 3,3%, нето и бруто платите забележаа реален пад од 2,9% и 2,6%, соодветно.“ – пресметале во Народната Банка.Во услови на повисок раст на вработеноста во однос на Бруто Домашниот Производ продуктивноста на трудот во 2012 година се намали за 0,6%.
“Падот на продуктивноста во 2012 година следи по две години последователен годишен раст, што услови повторно оддалечување од нивото на продуктивност остварено во преткризниот период. “ – анализира НБМ.Додека продуктивноста се намалувала, Народната Банка во 2012 та година измерила раст на трошоците за труд за 0,8%. Внимателно со јавните финансии! Финансиската криза во Европа го зеде својот данок и од македонската економија во 2012 та година. Негативните трендови во надворешното опкружување сепак предизвикаа влошување на клучните параметри – проширен дефицит на тековна сметка и намалување на приливите на капитално-финасиската сметка.
“Негативните промени во надворешното опкружување доведоа до умерено влошување на дефицитот на тековната сметка во однос на претходната година. Кај приливите во капитално финансиската сметка, исто така, беше забележано намалување на приливите, но беше остварен пораст на нето приливите кај тековните трансфери. Инаку, проширувањето на трговското салдо во целост беше предизвикано од растечкиот енергетски дефицит “ – оценува НБРМ.Во исто време анализата укажува на тоа дека кај неенергетскиот дефицит има поповолна состојба како резултат на извозната активност на новите странски компании во земјава кои годинава треба да бидат генератор на економски раст.
“Покрај слабите увозни притисоци од домашната побарувачка, поволната состојба кај неенергетскиот трговски дефицит беше резултат на зголемената искористеност на новите извозни капацитети. Може да се очекува дека овие нови индустрии ќе бидат централниот двигател за идниот раст на македонскиот БДП и вработеноста“ – укажува НБРМ.2012 та година беше една од најнеизвесните во однос на јавните финасии. Наместо со кратење на трошоците преку ребаланс, државата го продлабочи буџетскиот дефицит. Народната Банка хронолошки тоа го објаснува вака:
“Јавните финасии во текот на годината се соочија со големи предизвици. Во првата половина од годиината остварувањето на приходите беше пониско од Планираното. Ваквото отстапување наметна потреба однадолна корекција на расходната страна зада се задржи таргетот за буџетски дефицит од 2,5%. Оттука, во јуни беше направен ребаланс на буџетот со којшто се изврши намалување на вкупните приходи за 4,6% и на вкупните расходи за 4,5%во однос на првичниот план. Сепак и покрај ова, во втората половина од годината фискалната псотавеност повторно мораше да биде приспособена, поради потребата за исплата на заостанатите обврски кон приватниот сектор и тоа во услови кога приходите и натаму потфрлуваа“ – пишува во Извештајот.По ваквата состојба Владата одлучи да го продлабочи буџетскиот дефицит:
“Карактеристично беше тоа што државата не ја приспособи јавната потрошувачка на побавната од очекуваната динамика на раст на приходите, туку приспособ увањето го изврши преку зголемување на фискалниот таргет за 1 п.п. (од 2,5% на 3,5%). Во 2012 година беше остварен фискален дефицит од 3,8% од БДП што претставува зголемување од 1,3 п.п. во споредба со претходната година и воедно е еден од на јвисоко остварените дефицити. Примарното буџетско салдо исто така забележа влошување, при што во 2012 година примарниот дефицит изнесува 2,9% од БДП, наспроти 1,7% во претходната година. “ – се вели во Анализата.Сепак Народната Банка укажува дека во следниот период се очекува од Владата да води претпазлива фискална политика.
“Во следните две години се очекува претпазливафискална политика, со постепено консолидирање на буџетскиот дефицит и релативно стабилно ниво на јавен долг. Фискалната политика, а пред сѐ буџетската потрошувачка, е битен фактор кој што влијае врз поставеноста на монетарната политика, а соодветната координација на овие политики е клучен фактор за обезбедување и одржување на макроекономската стабилност “.По зголеменото ниво во 2012 година, НБРМ укажува дека се очекува дека буџетскиот дефицит постепено ќе се намалува и дека на среден рок ќе гравитира околу 3% од БДП. Во таа насока, во 2013 година се очекува дека тој ќе изнесува 3,5% од БДП, а во 2014 година 3,2% од БДП. Се очекува дека слични движења ќе има и кај примарниот буџетски дефицит, како пореален показателза насоката на фискалната политика, кој што би се свел на 2,7% и 2,4% од БДП во следните две години, соодветно.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.