27 Декември, 2024
0.0298

Извршител му собра 2 милиони евра на Министерството за здравство

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство на Канцеларијата на извршителот Крум Коцарев на крајот од месец септември му исплатило 2 милиони евра во три трансакции, покажува платформата „Отворени финансии“.

На 27 септември на сметката на Коцарев легнале три уплати од 61.226.323, 35.204.334 и 27.108.449 денари. Од Министерството за здравство не ни одговорија што поточно значат овие три трансакции, но ни рекоа дека станува збор за стар долг од времето на големата поплава во скопско Стајковци, Ченто и околината во 2016 и дека станува збор за судски спор со ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје. Не е познато дали во игра тука е и приватен оператор и колкава е каматата, покрај основниот долг.

„Станува збор за судски спор помеѓу Министерство за здравство и Центар за јавно здравје Скопје, во врска со настанат долг од 2016 година при набавка на средства за дезинфекција на поплавените подрачја (од поплавата во реонот на Стајковци). 

Имено, со одлука на Владата од 15.08.2016 година Владата го задолжила Министерството и Центрите за јавно здравје да извршат дезинфекција, при што Министерството е задолжено да ги обезбеди средствата за дезинфекција и тоа е реализирано, односно средствата се доставени до Центрите вклучувајќи го и ЦЈЗ Скопје“, гласи одговорот кој го добивме од МЗ.

Во контактот со извршителот Коцарев ни беше одговорено дека за детален одговор треба прво да ги разгледа документите и дека неговото извршно решение било по налог на ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје, додека не е запознат за тоа дали е оштетен одреден приватен набавувач. Вели дека најголемата награда што еден извршител може да ја добие законски е 3.000 евра.

Министерството за здравство во 2016 по големото невреме и поплавата соопшти дека процесот на дезинфекција е завршен на 20 милиони метри квадратни во тој дел на Скопје и регионот.

Во изминатиот период излезе информација дека од министерството се бараат 8,5 милиони евра поради раскинување на договорот за изградба на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ДЕВЕТ БУКВИ ШТО МНОГУ МАКЕДОНЦИ ГИ „ЗАРАБОТИЛЕ“ ВО СТРАНСТВО: Еве го нивното значење

ДЕВЕТ БУКВИ ШТО МНОГУ МАКЕДОНЦИ ГИ „ЗАРАБОТИЛЕ“ ВО СТРАНСТВО: Еве го нивното значење

ОД ПРОБЛЕМАТИЧНО ДЕТСТВО, ДО ТЕХНОЛОШКИ ВИЗИОНЕР: Како семејната динамика го обликуваше Илон Маск

ОД ПРОБЛЕМАТИЧНО ДЕТСТВО, ДО ТЕХНОЛОШКИ ВИЗИОНЕР: Како семејната динамика го обликуваше Илон Маск

ДАЛИ ЌЕ СЕ УКИНЕ ОВАА ПРАКТИКА ВО АВИОНИТЕ? Патниците ширум светот се бесни, еве зошто

ДАЛИ ЌЕ СЕ УКИНЕ ОВАА ПРАКТИКА ВО АВИОНИТЕ? Патниците ширум светот се бесни, еве зошто

ШТО МОЖЕТЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД „НОВОТО НОРМАЛНО“ ВО 2025 ГОДИНА? Еве какви се очекувањата

ШТО МОЖЕТЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД „НОВОТО НОРМАЛНО“ ВО 2025 ГОДИНА? Еве какви се очекувањата

ДУБАИ И СЀ Е МОЖНО: Се градат два нови облакодери, ќе ги поврзе мост со базен

ДУБАИ И СЀ Е МОЖНО: Се градат два нови облакодери, ќе ги поврзе мост со базен

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места