КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година
Објавено во: Економија 26 Декември, 2024
Девет земји ќе се приклучат на БРИКС идната година.
Кремљ обелодени дека девет држави ќе се приклучат на групацијата БРИКС во 2025 година.
„Од 1 јануари 2025 година, Белорусија, Боливија, Индонезија, Казахстан, Куба, Малезија, Тајланд, Уганда и Узбекистан ќе станат партнерски земји на БРИКС“, изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател, пренесува ТАСС.
Вели дека Русија од овие држави добила потврда за подготвеност да добие таков статус. Ушаков додаде дека официјална Москва го чека одговорот на уште четири земји.
Тајланд ја прифати поканата да стане земја партнер на БРИКС и се надева дека во наредниот период ќе се приклучи во организацијата како полноправна членка, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на земјата.
Портпаролот на министерството на прес-конференцијата рече дека Тајланд на 31 октомври добил официјална покана да стане партнер на БРИКС од претседавачот на таа организација, Русија, а дека на 24 декември на седницата на владата било одлучено да се позитивен одговор на таа покана.