27 Декември, 2024
0.0277

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

Објавено во: Економија 26 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови инвестиции. 

„Оваа година 2024 година беше година на стабилизација, односно слободното паѓање кое што ни се случуваше престана и полека почнавме да се враќаме на состојба нула, односно очекувам таа состојба нула да се случи некаде пролетта следната година. Иако некои индикатори и параметри велат дека и сега имаме една таква состојба во многу области, дури и дека состојбата е пред оние години на криза 2019, 2020, 2021, дека овие месеци првите индикатори се појавуваат како такви“, вели Мицкоски. 

Премиерот Мицкоски истакна дека оваа година која изминува очекува историски најголемо ниво на странски инвестиции поголеми од една милијарда евра, односно како што посочи, со ова Македонија ќе биде во првите три економии во Европа по глава на жител.

„Оваа година која изминува за овие уште неколку дена очекувам историски најголемо ниво на странски инвестиции поголеми од една милијарда евра. Со што ќе бидеме во првите три економии во Европа по глава на жител кога станува збор за привлекување на странски инвестиции“, рече тој.

Премиерот Мицкоски најави нови 15 странски инвестиции, од кои за едната рече дека е во вредност од 360 милиони евра, со 500 нови добро платени работни места.

„Имаме нови, но имаме и такви кои беа заборавени од претходната влада, а започнати кои што сега ние ги одглавивме заедно со институциите кои што работат во реализација на инвестирање и тие веќе се во процес на инвестирање и се разбира договоривме нови кои што ќе почнат да се реализираат следната година. Станува збор за нови 2.800 работни места, а веќе сме во процес на нови 15 кои што веќе ги преговараме и се во завршна фаза, од кои едната ќе биде голема од 360 милиони евра, која што очекуваме откако ќе ги завршиме разговорите следната година јануари месец да ја објавиме, нешто што ќе значи огромна сума на пари кои ќе влезат во извозното портфолио на државата, 500 нови вработувања високо платени, современа технологија“, истакна премиерот Мицкоски.

Вели дека ги поставуваат темелите на тоа како треба да изгледа државата за 5, 10 години од денес. 

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија