Извршител со меко срце – го презел долгот на себе наместо да го наплати
Објавено во: Балкан 17 Јули, 2013
Извршителот од Белград, 31 годишниот Марко Вукичевиќ го презел долгот на себе, наместо да го наплати. Долгот од 300.000 српски динари, од семејството кое поради лоша финансиска криза не плаќало сметки за струја, комуналии и телефон,
„Се започна кога кај мене во канцеларија дојде жена која на врата доживеа послаб инфаркт. Успеа да ми раскаже дека нејзиното семејство тешко живее. Никој не работи во нејзиното семејство. Тогаш одлучив да го преземам долгот“- вели извршителот Марко.
Ова не е прв ваков хуман потег на овој извршител. Тој до сега има преземено долгови на една самохрана мајка која се храни во народна кујна и која едвај успеала да ги школува децата, но и на еден воен ветеран, кој за да го прехрани семејството започнал да продава работи од дома.
„Кога започнав со оваа работа излегував на терен и се среќавав со луѓе кои живеат во страшни услови. Ова беше начин да одбележиме годишнина од постоењето на нашата канцеларија. Подобро вака, отколку во кафеана“ вели извршителот Марко Вукичевиќ.