ЈАДЕМЕ ПОВЕЌЕ ОВОШЈЕ ОД ДЕЛ ОД РЕГИОНОТ И ТРИПАТИ ПОМАЛКУ ОД ДОМИНИКАНЦИТЕ: Јаболкото е прв избор на граѓаните
Објавено во: Македонија 18 Март, 2024 07:25
Maкедонците јадат повеќе овошје од Србите, Црногорците и Словенците, помалку од Албанците и трипати помалку од жителите на Доминикана.
Нашите граѓани годишно јадат по 136 килограми овошје и се на 15 место од 186 држави, покажуваат податоците на Ворлд популејшн ривју. Но, тоа е скоро тројно помалку од жителите на Доминикана, кои се убедливо први со 387 килограми изедено овошје годишно по жител. Од соседните земји, пред нас е Албанија со 190 килограми овошје по жител, а Црна Гора е зад нас со 123 килограми и Србија и Словенија со 110 килограми изедено овошје.
„Ние имаме наш овоштарник, јадеме јаболка, круши, а преку зима си купуваме друго овошје. Децата повеќе јадат смоки, чипсови, не сакаат да јадат банани, а за тиква или некој друг тип на овошје ич да не зборуваме“, вели Струмка Бојковска, граѓанка.
Граѓаните објаснуваат дека се трудат да консумираат овошје, свесни за здравствените бенефити.
„Јаболка, портокали, мандарини редовно консумирам. Младите повеќе се на брза храна, се правдаат дека немаат време“, вели Мирјана Јовановска, граѓанка.
Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), Македонците најмногу јадат јаболка. Во 2022 година, македонските семејства изеле 37,4 килограми јаболки, 6,9 килограми грозје и 25,4 килограми банани.
„Зависи од висината на примањата, но мислам дека јаболка сите јадат, купуваат, а за поскапи овошја како ананас поретко се фаќаме“, рече Славица Ѓорчевска, граѓанка.
Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари вели дека ако исхраната не е добра, тоа ќе се одрази на здравјето на луѓето.
„Овошје и зеленчук е битно да се јаде, имаат витамини и минерали кои се есенцијални. Ако не се внесуваат, ќе има недостиг на витамини. Добро е за косата, за ноктите, едноставно жената нема да функционира ако падне железото. Селен ако недостига, тиродината не е добра. Сите тие елементи се битни за опстанок на одредени органи. Јаболко да се касне барем едно во денот. Пептини содржи печеното јаболко, печената тиква. Сè е потребно овошје и зеленчук, од сè помалку, умерено да се внесува“, вели Чолакова Дервишова.
Македонците сакаат и лубеници. Тие во 2022 година изеле 24,9 килограми, исто толку портокали и само 11,3 килограми лимони. Во истиот период консумирале само 3,1 килограми круши. Луѓето најмалку јаделе цреши, односно само 1,4 килограми.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието




