Јанакиески и Јанушев организирале чартер-летови за гласање
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2018
Во разговор со соговорник од Ресен, Јанакиески вели дека е против жителите од Мала Преспа да гласаат во Центар зошто ќе избие скандал. “Подобро е во Центар да гласаат овие од Кавадарци, Неготино, овие од Мала Преспа не знаат да зборуваат Македонски, вели Јанакиески. Според него, доведените гласачи ќе бидат препознаени по изгледот дека не се од Центар. Но соговорникот го поправа па му вели: “Не е точно, сите се Македонци и зборуваат поубаво македонски од оние во Кавадарци и Неготино. По литературно зборуваат од Стојан Андов, му вели соговорникот на Јанакиески, но додава дека и тој е против да гласаат зошто биле испечени од сонцето, па ќе ги препознаеле дека не се од Џентар. “Јас да сум од СДСМ ќе направам скандал, ќе го прекинам гласањето”, му вели соговорникот на Јанкиески, на што тој се согласува.
Во „Титаник“ обвинети се 21 лице, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.