15 Јануари, 2025
0.0289

Јанакиески: Со изјава заверена на нотар ќе се олесни постапката за стекнување сопственост на земјиште

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Изјава заверена на нотар во која лицето кое го користи градежното земјиште, односно неговите законски наследници под морална, материјална и кривична одговорност ќе изјават дека земјиштето го користат повеќе од 20 години врз основа на договор за купопродажба склучен со поранешен сопственик. Ова е основниот документ кој ќе им биде потребен на сите семејства (околу 10.000) кои купиле градежно земјиште од поранешни сопственици со договори за купопродажба кои не биле заверени во суд во 60-тите и 70-тите години од минатиот век наскоро ќе можат да се стекнат со сопственост. Тоа го овозможуваат последните измени и дополнувања на Законот за градежно земјиште што го предложи Владата со кои се врши измена на постапката за пренос на правото на сопственост на градежно земјиште од поранешни сопственици. Исто така, се предвидува барателот да достави и известување од органот на државната управа надлежен за имотно-правните работи на подрачјето каде се наоѓа градежното земјиште, како и доказ дали за градежното земјиште има поведено постапка за приватизација и дали доколку е поведена е завршена. По барањето, надлежниот орган ќе спроведе постапка и ќе донесе решение против кое може да се поведе управен спор. “Измената е направена заради големиот број случаи кои со постојните законски решенија не можат да го завршат процесот за стекнување на сопственост на земјиштето на кое живеат и повеќе од 20 години. Таканаречените меѓусебни договори кои не се заверени, голем број на граѓани ги поседуваат како единствен доказ дека во минатото го купиле земјиштето на кое сега имаат објекти и каде што живеат. Сметам дека на овој начин ќе им се излезе во пресрет на огромен број граѓани кои со децении трчаат од институција до институција, од орган до орган, трудејќи се да изнајдат начин да стекнат сопственост на земјиштето на кое живеат целиот живот, но не можеа затоа што старите договори за откуп на земјиштето не биле заверени и немале правна важност“, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната прес-конференција. Според Јанакиески со законските измени се овозможува правни лица кои се регистрирани во Република Македонија, а основани од странски правни лица да можат да ги исполнуваат посебните дополнителни услови кои можат да бидат предвидени со објавата за да учествуваат на јавните наддавања, појасни Јанакиески. Во законот, нагласи министерот, се додава нов член со кој се создава обврска за странското правно лице да мора да биде доминантен сопственик во правното лице регистрирано во Република Македонија од моментот на пријавување за учество на јавно наддавање, па се до моментот на исполнување на обврските од договорот за отуѓување, односно давање под долготраен закуп на градежно земјиште по пат на јавно наддавање.    

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања