Јаневска нема да му се налути на Мицкоски ако ја смени од министерската позиција
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2025 13:54
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Христијан Мицкоски доколку има реконструкција на Владата и биде смената од ресорот што го предводи.
На новинарско прашање дали ако има реконструкција таа ќе остане во ресорот образование и наука или ќе раководи со друг ресор, Јаневска одговори дека одлуката за сите предлози за членови во Владата ја носи премиерот заедно со партиските органи.
Како што рече, премиерот го носи најголемиот товар за промените во државава и има право да одлучува за министрите.
-На ова прашање веќе неколку пати сум одговарала и ќе повторам. Земјава има премиер кој го носи на својот грб најголемиот товар за позитивните промени кои се случуваат и допрва треба да се случат во Македонија. Оттука, полно негово право е, заедно со органите на партијата, да одлучува кого ќе предложи како влада или кого ќе предложи како министер пред Парламентот. Секоја негова одлука апсолутно ќе ја испочитувам, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред отворањето на конференцијата „Науката како патоказ во време на промени“.
Фото:МОНМожеби ќе ве интересира
Наташа Крстевска-Цалева стана в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
Туфегчиќ: Од 15 обвинители, најмалку 5 не се согласуваат со вакво обвинение за „Пулс“
Шеесет и три јавори се засадени во Кочани во чест на загинатите во „Пулс“
Општина Аеродром за Зимзоленд: Земјиштето на кое е поставена манифестацијата е во приватна сопственост
„ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ НАПЛАЌАЛЕ УСЛУГИ ОД ПАЦИЕНТИТЕ КОИ НЕ СМЕЕЛЕ“: Клековски по контролите во Итна помош и Домашна посета
ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено
СКЛАДИРАЛ ОТПАД ВО ДВОРОТ И ПЛАЌАЛ ЗА ДА МУ СОБИРААТ - Седум лица од Струмица добија кривична пријава за загрозување на животната средина
Уапсен референт од Прилепската болница, проневерил 250.000 евра уплати од граѓани
(ВИДЕО) Пронајден убиецот на жената во гостиварско, сопругата ја кажа вистината пред полицијата




