23 Јануари, 2025
0.0289

Јани Бојаџи бара „Манаки“ да ја повлече наградата за Горјан Тозија: Иако е починат, сепак е „северџан“

Објавено во: Македонија 18 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Филмсиот режисер Јани Бојаџи побара од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, да се заложи и да издејствува признанието „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, на претстојниот Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ да не му се доделува постхумно на Горјан Тозија, поранешнит директор на Агенцијата за филм.

Бојаџи за Тозија, кој почина на почетокот од оваа година, вели дека бил „северџан“ и дека идеолошки ќе се оддалечи од опозицијата доколку Коњановски дозволи да му се додели наградата, која традиционално се доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија

- Ова е "црвениот барон" на самонаречената комуњарска филмска елита. Тозија е човекот кој ги измисли луѓето и нивните филмски продукции кои преку кабинетот на Црвенковски ги финансираа проектите Надеж 1 и Надеж 2 кои беа основата на Шарената револуција, во која тој, неговите "деца" и нивните татковци беа ударните тупаници и главните апологети, а денес се промоторите на нивната северна република. Тозија е човекот кој создаде филмски апартхејд кога како пулен на Заев стана директор на Агенцијата за филм и лично тој отпиша речиси дваесетина проекти на нивни политички неистомисленици, да не речам Вмровци! Тозија го опструираше проектот "Македонија" а негов пулен ја држи во бункер серијата "Црвениот поет" посветена на Кочо Рацин. Тозија е човекот кој ги финансираше полупроектите на самонаречените продуценти и режисери кои сега од позиција на господари на ДФРМ му доделуваат награда. За тоа што тој го направи за нив тие би требало да го позлатат, ако јас се прашувам. Но, на Горјан Тозија да му се даде во рамките на "Манаки" вакво признание најверојатно води кон тоа профашистичкото бугарофилскосеверџанско лоби на ДФРМ следната година да ја награди и Лени Рифенштал, за придонес во документарната кинематографија. Жената ја бива за тоа, нема што, докажана е!“, напиша режисерот на Фејсбук.

Понатаму тој вели дека ќе го доживее тоа како голем удар доколку битолскиот градоначалник одобрил финансии за фестивалот.

- Мене за овој "частен купон" не ми е гајле ништо, освен една работа: ова глупост е финансирана и од Општина Битола! Ако градоначалникот Тони Коњановски (Тони Коњановски) ова го плати и поддржи, ќе го доживеам како најголем удар врз сите нас, единствените кои се бориме против најголемото зло на комуњарската власт - дискриминација и целосно бришење на нас и нашите дела од програмите на Агенцијата за филм, започнати и утврдени токму со овој човек. И секако, пола од приложената биографија му е лажна и е една обична комуњарска пропаганда за дела кои не се нивни или во кои немаат никакво лично достигнување, од "Пред дождот" до "Медена земја". Повторувам, ако ова го подржи и плати Општина Битола, не знам каква сила ќе ме натера да споделувам каква и да е идеа со партијата која ветува реформи и промени. Ако ова се дозволи, ова е почетокот на крајот на било што. Реформите треба да почнат денес а промените утре. Вие, ветувате промени. Ете ви ја првата можност.

Можеби ќе ве интересира

СОДА, БРШЛЕН, КОПРИВА: Како со овие состојки да направите органски препарати за своите насади?

СОДА, БРШЛЕН, КОПРИВА: Како со овие состојки да направите органски препарати за своите насади?

ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Доаѓа топло време на планините, а студено и магливо во котлините

ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Доаѓа топло време на планините, а студено и магливо во котлините

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата