22 Јануари, 2025
0.0307

Јанкуловска: Заев и Јанева без докази ги почнаа предметите, така и ќе ги завршат

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска го нападна СЈО како институција која извршува партиски задачи за СДСМ и дека сите досегашни постапки ги базирале на кафански муабети, алудирајќи на „бомбите“ со прислушкувани разговори каде таа беше една од најчестите.

- Катица Јанева и нејзините соработници можат да отворат и милион случаи, без аргументи  на база на кафански муабети, на база на шпекулации, на база на посакувани сценарија кои тие очигледно ги креираат на дневна основа, но најважно е како ќе ги затворат. Јас ќе кажам како што си ги отворија без докази така и ќе си ги затворат без докази. Затоа што не може вие со повторување на една ноторна лага за која се свесни дури и малите деца дека едноставно не држи вода, да ја направите вистина.

Поранешната прва „полицајка“ оценува дека сите напори на опозицијата за нејзино оцрнување на дале со плод.

- Впрочем целата оваа активност и на Зоран Заев и на Катица Јанева, и на чадорот што ги штити, координира и опструира во изминативе две ипол години очигледно не вроди со плод. Иако некој се запраша па зарем е можно да се потрошат толку пари, ресурси и енергија, знаеме ние колкави буџети на располагање има СЈО и со какви фондови оперира СДСМ, и да дојдете до една ситуација после една таква условно речено жестоко негативна, неаргументирана кампања, вие повторно да бидете губитник на изборите. Затоа што губитник на овие избори не е само Зоран Заев и СДСМ, губитник е и СЈО бидејќи тие беа истурениот играч во кампањата на СДСМ. Но губитник е и оној што проценил дека тие се личностите односно структурата која ќе ја спроведе агендата која ја замислиле за Република Македонија. Очигледно и ВМРО-ДПМНЕ како партија и поединците од ВМРО-ДПМНЕ, но и целиот македонски народ покажа дека луѓето се свесни и знаат да прават сопствена проценка и да дадат сопствен суд за нештата што се случуваат. И не им треба СОРОС со неговите марионети да им кажува која е лагата која е вистината.

Јанкуловска засега нема план да се врати во високата политика. Инаку таа дури 13 пати беше помилувана од страна на претседателот Иванов кој потоа ја укина аболицијата, а СЈО против неа води бројни истраги, како и судски процеси.


Можеби ќе ве интересира

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

ОСМАНИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА БИЛ ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИ МОМЕНТИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: „Блинкен е првиот државен секретар кој официјално го посети МНР“

ОСМАНИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА БИЛ ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИ МОМЕНТИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: „Блинкен е првиот државен секретар кој официјално го посети МНР“