Јануарски раст на Јавниот долг: Владата должи 2,7 милијарди евра!
Објавено во: Финансии 05 Март, 2014 08:18
“Економскиот раст продолжува да јакне иако не на широка основа. Надворешните и фискланите слабости се зголемија. Долгот на Централната Влада иако се уште е умерен во рамките на проектираните 36% од БДП, тој пораснал за околу 15 проценти од почетокот на кризата. Неодамна воспоставената Среднорочна стратегија за управување со Јавниот долг е добредојдена. Капацитетот за сервисирање на надоврешните долгови, вклучувајќи го и оној кон ММФ, останува на адекватно ниво“, пишува во оценката на ММФ и се додава: “Јавното претпријатие за државни патишта потпиша кредитна линија од 550 милиони евра со кинеската Ексим банката, која треба да биде исплатени во текот на 2014-2018 година. Македонската банка за развој (МБПР) има склучено договор за дополнителни кредитна линија од околу 100 милиони евра од ЕИБ. Генерално, се предвидува дека Јавниот долг ќе се зголеми од 41% до 49 проценти од БДП во периодот од 2013 та до 2018 та година“.Гувернерот Димитар Богов, наспроти овие прогнози, изјави дека ММФ ја оценува економијата во регионален контекст и дека на крајот ќе се покаже чии оценки биле точни.
“Сите ние имаме различни проекции. Ќе видиме која проекција на крајот ќе биде точна, но изминатите години покажаа дека нашите проекции се сепак секогаш поблиски до остварувањата. Причината за тоа е што ние имаме најсеопфатен модел за македонската економија додека меѓународните институции немаат посебен модел за македонската економија туку ја гледаат во еден регионален контекст при што веројатно и посветуваат многу малку внимание“, изјави гувернерот Богов.Според стратешките определби на Владата, Јавниот Долг не треба да надмине 40% од БДП. За годинава главно се најавени задолжувања од домашните кредитори. Вчера преку една аукција на државни записи со рок на доспевање од една година, Владата се задолжи со 45 милиони евра, иако претходно со Проспектите на Министерството за финансии беше најавена побарувачка од 31 милион евра, по што со денешното раздолжување, во буџетската каса останаа допонителни 15-тина милиони евра за трошење. Годинава Владата ја издаде и првата домашна обврзница со рок на доспевање од 10 години. Долгорочните задолжувања веќе го зголемуваат својот удел во вкупната структура на долговите. Д.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





