Јарески истури црвена боја како симбол на крвта на партизаните и жртвите од Ваташа
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2022 18:52
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека пратеникот Тони Јарески истури црвена боја како симбол на крвта на партизаните и младите од Ваташа убиени од Бугарите.
Тој кажа дека многу луѓе ги дале животите за Македонија, но тоа не допира до власта.
„Премиерот конечно одвои време да слушне што се кажува, да види каква грешка прави и какви последици не чекаат. Премиер, „Македонија има своја политика и интереси. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи за интересите на Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец“. Ова е еден од многуте цитати со кои сакавме да допреме до свеста и совеста на пратениците од мнозинството и претставниците на влада. Ова е еден од цитатите на великанот Гоце Делчев“, изјави Јарески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој кажа дека со прифаќање на францускиот предлог се прави грешка од која нема назад. Денеска е втор ден како пратениците дискутираат за францускиот предлог.
Можеби ќе ве интересира
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат




