„ЈАС СУМ ЗАД ВАС“: Трамп со поддршка до армијата, прогласи „повторно будење на воинствениот дух“
Објавено во: Свет 30 Септември, 2025 19:05
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им порача на високите воени лидери дека ја имаат неговата непоколеблива поддршка, додека тој настојува да го оживее „воинствениот дух“ во американската војска.
Трамп ја пренесе својата, како што ја нарече, „многу едноставна“ порака на Универзитетот на маринците во базата Квантико, во Вирџинија, јави Фокс Њуз.
- Ние сме тим. Мојата порака до вас е многу едноставна: Со вас сум, ве поддржувам и како претседател, зад вас стојам 100 проценти, нагласи тој.
Трамп се повика на генерали како Џорџ С. Патон, Омар Бредли и Даглас Макартур, истакнувајќи дека „заедно го разбудуваме воинствениот дух“.
Тој нагласи дека морнарицата, воздухопловните сили и вселенските сили ги исполниле или надминале своите регрутни цели, „за разлика од тешкотиите во регрутирањето за време на администрацијата на Бајден‘. Тој најави промени што неговата администрација ги воведува во армијата.
- Повторно го враќаме фокусот на физичката подготвеност, способноста, карактерот и силата, рече Трамп. „Целта на американската војска не е да ги штити чувствата на луѓето, туку да ја штити нашата република“.
Тој ја критикуваше, како што ја опиша, тенденцијата кон политичка коректност на сметка на заслугите во армијата и нејзиното раководство.
- Хиерархијата на нашата земја не беше направена според заслуги, туку за политичка коректност. И никогаш нема да бидеш голем ако го правиш тоа, изјави Трамп.
- Нема да бидеме политички коректни кога станува збор за одбраната на американската слобода. Ќе бидеме борбена и победничка машина, продолжи тој.
- Сакаме да се бориме, сакаме да победуваме и сакаме да се бориме што е можно помалку, нагласи американскиот претседател.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница




