05 Декември, 2025
0.0541

Јавен долг: По три недели затишје – ново задолжување од 42 милиони евра!

Објавено во: Финансии 26 Февруари, 2014 08:45

Добивај вести на Viber

За само еден ден Владата од домашните кредитори позајми повеќе од 42 милиони евра. Растат долгорочните задолжувања што ќе треба да се враќаат по пет или десет години. До оддржување на првиот изборен круг треба да се оддржат уште четири продажби на државни хартии од вредност. Во меѓувреме, опозицијата адресираше прашања за државните долгови и на адреса на гувернерот Димитар Богов. Вкупните државни долгови и препораката за нивно намалување веќе се дел и од новиот зимски Извештај на Европската Комисија. Долгорочните задолжувања добиваат на темпо!  По три недели затишје, Владата спроведе ново задолжување. Од домашните кредитори собра 42,3 милиони евра. На аукцијата на државни записи продаде една едногодишна обврзница и две обврзници со рок на доспевање од 5 години. Ова задолжување следува отакако претходно, три недели по ред Министерството за финансии ги откажа најавените аукции со ображложение дека немало потреба од задолжувања бидејќи Буџетот бил во добра ликвидносна состојба. Сепак, иако според претходно објавените Проспекти, државата требаше да се задолжи со 32 милиони евра, таа одговори на зголемената побарувачка, и се задолжи со доплнителни 10 милиони евра. Според податоците од Министeрството за финансии, денеска по основ на доспеани записи Владата треба да се раздолжи со 27,7 милиони евра, по што во Буџетот за тековни трошења на располагање остануваат скоро 15 милиони евра. Во текот на овој предизборен период, до 15 ти април веќе се најавени уште 4 задолжувања од домашните кредитори, но во исто време за отплата доспеваат поголеми суми. Во текот на вториот економски квартал, или во април, мај и јуни треба да се оддржат девет аукции на записи. Заклучно со декември, лани, државата само по основ на домашно задолжување должи повеќе од 1 милијарда евра, што преставува досега највисоко ниво на внатрешна задолженост. Од почетокот на оваа година Владата ја продаде првата обврзница на домашен терен со рок на  доспевање од 10 години. Иако вредноста изнесуваше околу 3 милиони евра, познавачите коментираат дека со овој потег државата го тестираше интересот на кредиторите за купување на овој вид на долгорочни хартии од вредност. Анализата на податоците покажува дека државата веќе се сврти кон подолгорочни задолжувања, така јануари 2013 година учеството на петгодишните обврзници изнесувало само 5,26% додека на крајот од годината нивниот удел се зголемил на 24,59%. Јавниот долг на Централната Влада заклучно со декември 2013 година изнесува 34,3% од Бруто домашниот производ. Дали НБРМ работи независно – СДСМ го прозва гувернерот! Колку изнесува вкупниот државен долг, вклучувајќи ги и внатрешните и надворешните заолжувања? Опозициската СДСМ повторно побара одговор, овој пат од гувернерот Димитар Богов. Кире Наумов од СДСМ смета дека гувернерот треба да одговори на повеќе прашања: “Дали му е познато на гувернерот Димитар Богов дека според Еуростат сите држави го објавуваат јавниот долг и долгот на Централната Влада, како посебни податоци. Богов во еден свој јавен настап говореше дека Германија има јавен долг од 78,4% од БДП а долг на Централната Влада од 50,1% од БДП, кај Франција овие бројки се 92,7% и 70% од БДП. Според ова дали гувернерот не може да и каже на јавноста колкав е Јавниот долг на Македонија без долгот на НБРМ и колкав е долгот на Централната Влада заклучно со септември, лани“ – праша Наумов од СДСМ. Од партијата сметаат дека гувернерот треба да и соопшти на јавноста колкав е и номиналниот БДП за 2013 та година што Народната Банка го користи при објавување на сите свои мерења. “Или поконкретно, дали БДП изнесува 8 милијарди и 31 милион евра како што тврди Министерството за финансии“ – прашуваат од СДСМ. Во спротивно од партијата констатираат : “Доколку НБРМ исто како и извршната власт се дрзнат да не ги соопштат на јавноста овие показатели имаме јасен доказ дека Народната Банка не работи независно, што претставува флагрантно кршење на законот“ – тврди Наумов. Неодамна гувернерот Богов изјави дека државата има уште минимален простор за натмошно задолжување, но и дека е време да се запре со генерирање нови долгови. Треба да се биде внимателен. Треба да го земеме примерот со некои земји од опкружувањето кои што имаат долг на Централна Влада од 50% и веќе се соочуваат со проблеми. Ние имавме простор и дојдовме до ниво од 34% Јавен долг на Централната Влада. Можеби имаме уште мал простор за задолжување, но меѓутоа, треба веќе да застануваме и да ја консолидираме буџетската сметка и буџетскиот дефицит веќе треба да го сведуваме на ниво кое што нема доплнително да го зголемува долгот на Централната Влада“ -  изјави Богов. Државните долгови се најдоа и во новата зимска прогноза на Европската комисија посветена на економските трендови во земјите од Европа. “Вкупниот јавен долг, кој го вклучува и долгот на претпријатијата во државна сопственост, јавните агенции и јавните финансиски институции, најверојатно ќе биде значително повисок. Тоа, исто така би го опфатило и новоформираното Јавно претпријатие за државни патишта преку кое Владата ќе ги канализира значајните трошоци за патна инфраструктура, а кое може да позајмува во свое име со долг гарантиран од страна на Владата“ – беше наведено од Еврокомисијата. На крајот од Извештајот се предлага намалување на фискалниот дефицит, но и сомнеж дали тоа и ќе може да се спроведе поради тоа што Владата одлучи да ги зголеми трошењата за повисоки плати, пензии и социјални трансфери. Според ставот на Владата, Македонија е четврта најмалку задолжена земја во регионот, судејќи според нивото на Јавниот долг на Централната Влада. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката