05 Декември, 2025
0.1164

ЈАВЕН ДОЛГ: Податоците наместо месечно, ќе се објавуваат квартално!

Објавено во: Финансии 10 Декември, 2014 08:28

Добивај вести на Viber

  Наместо на месечно ниво, како до сега, податоците за состојбата со Јавниот долг ќе се објавуваат на квартално ниво. Одлуката на Министерството за финансии е во согласност со последните законски измени. Од опозициската СДСМ сметаат дека на ваков начин Владата ја зголемува веќе постоечката нетранспарентност на јавните финансии. Терен за нови задолжувања или кревање на “рачна“ ? Следните податоци за Јавниот долг на државата ќе бидат обелоденети на крајот од јануари. Министерството за финансии повеќе не ги објавува месечните податоци за тоа колку изнесува Јавниот и Државниот долг. Последните мерења се однесуваат на септември. Според информациите од ресорното министрство, бројките ќе се објавуваат на квартално ниво. Од таму посочуваат дека овој нов начин на објавување на податоците е во согласност со законските измени. По неодамнешната изјава на вицепремерот за евроинтеграции Фатмир Бесими дека Брисел ги следи трендовите и нивото на задолженост на Македонија, како и проектите кои треба да обезбедат развој, министерот за финансии Зоран Ставрески вели дека и со сегашната позиција, Македонија ќе остане умерено задолжена земја. „Ниту јавниот долг ниту буџетскиот дефицит се теми кои се таргетирани во раговорите со Брисел, но би сакал тоа да е така бидејќи Македонија во овој дел има два пати понизок долг од европските земји. Македонија има јавен долг од 46% од БДП и државен долг од 39% од БДП а во Европа тие се движат од 87% до 92% од БДП. Мислам дека во овој дел резултатите на Македонија се меѓу подобрите во Европа и интересот на преставниците на Европската Унија е општ, вклучително и за состојбите во економијата и јавните финансии“, изјави министерот Ставрески. Според него, Македонија ќе остане во “петорката“ земји со најниско ниво на задолженост.   “Ние имаме Среднорочна Фискална Стратегија за управување со јавниот долг и на буџетскиот дефицит и во таа стратегија е предвидено да се реализираат сите проекти што се дел од програмата и сите тие проекти, заедно со проектираното ниво на раст на БДП и на државниот долг, Македонија ќе остане меѓу петте најмалку задолжени земји во Европа“, вели Ставрески. Сепак, со потегот податоците да се објавуваат квартално, според Кире Наумов од СДСМ, прашање е колку може да им се верува на владините министри. Тој смета дека владата ќе ја продлабочи нетранспарентноста на јавните финансии. „Ова покажува дека наместо Владата да ја зголемува транспарентноста на јавните финансии, како што бараат меѓународните институции, Европската Унија, Меѓународниот монетарен фонд, таа оди во поголема дубиоза. До сега барем се објавуваа секој месец информациите, без оглед што беа нецелосни. Сега Владата се обидува и да ги сокрие, со што сака да ги објавува на квартално ниво. Ова значи дека податоците за состојбата со Јавниот долг сега на јавноста ќе и бидат достапни на крајот од месец јануари“, вели Наумов. ГРАНИЦИ НА ФИСКАЛНАТА СТРАТЕГИЈА За разлика од претходно утврдените граници за движење на нивото на Јавниот долг до максимални 40% од БДП, со новата Фискална стратегија овие граници се поместуваат до максимални 60% од БДП. Според Владата, задолженоста и натаму ќе расте но со умерено темпо, а земјата ќе остане во зона на ниска задолженост. “Движењето на јавниот долг, кој го вклучува државниот долг и гарантираниот долг, ќе се задржи во проектираните рамки, односно ќе има умерен раст кој нема да ја загрози одржливоста на јавните финансии, па оттука се очекува јавниот долг да не надмине ниво од 60% од БДП на среден и долг рок“ - пишува во Фискалната стратегија. Податоците покажуваат дека во 2017 та година долгот ќе достигне 50% од БДП. Еве како ќе се движи темпото на раст на долговите:
  • 2015 та 45,6% ОД БДП
  • 2016 та 48,2% ОД БДП
  • 2017 та  50,0% ОД БДП
Заклучно со септември, Јавниот долг изнесува 3,3 милијарди евра. Од нив 2,2 милијарди евра се долг кон странство а 1,1 милијарда евра отпаѓа како долг кон домашните кредитори. Само за десет месеци, или од јануари до октомври внатрешниот долг се зголемил за 86 милиони евра. Преку Уставни измени, Владата предложи ограничување на Јавниот долг до максимални 60% од БДП. Во овој потег, дел од економистите препознаа обид Владата да направи терен за натамошни задолжувања, под закрила дека работи според Уставот. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката