Јавниот долг на Хрватска се движи кон 82 одсто од БДП
Објавено во: Балкан 10 Февруари, 2015 10:40
Јавниот долг на Хрватска, кој кон крајот на октомври минатата година достигна 261,5 милијарди куни, до крајот на годината ќе порасне на приближно 269 милијарди куни или 82 посто од бруто домашниот производ, односно околу 36 милијарди евра.
Најновите податоци на Хрватската народна банка се во согласност со методологијата на ЕСА 2010, а се однесуваат на вкупниот долг општо на цела држава, долгот на централната држава, фондовите за социјална безбедност и локална држава.
Во однос на септември, вкупниот јавен долг во октомври лани пораснал за 5,6 милијарди куни или 2,2 одсто, додека на годишно ниво забележал раст од 26,4 милијарди куни или 11,2 одсто.
Значаен раст на јавниот долг, истакнуваат од РБА, од речиси 11 милијарди куни или за 4,4 одсто, е забележан во споредба со крајот на 2013 година.
Како што најголемиот дел од државниот долг е деноминиран во странска валута, претежно во евра, на зголемување на изностот на долгот деноминиран во домашната валута влијаел и растот на еврата кон куните за 0,6 посто годишно.
Од вкупниот износ на долг на општата држава, на крајот на октомври минатата година повеќе од 160 милијарди куни, значи 61 одсто од вкупниот износ, се однесува на внатрешниот долг, додека 101,4 милијарди куни или 39 одсто, го сочинуваат долгот кон странски доверители.
Имајќи ја предвид висината на фискалниот минус и достигнатите неплатени обврски, до крајот на годината се очекува јавниот долг да достигне ниво од околу 269 милијарди куни или 82 посто од БДП, пренесува порталот Seebiz.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




