04 Декември, 2024
0.0356

Јавниот долг во пораст, од Народната банка тврдат: државата е способна да го отплаќа!

Објавено во: Финансии 01 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Нов пораст на долговите на Владата. Заклучно се септември Јавниот долг на Централната влада достигна скор 2 милијарди и 700 милиони евра или за еден месец, од август до септември се зголемил за близу 9 милиони евра. Во исто време и податоците на народната Банка укажуваат на раст на Бруто Надворешниот долг кој изнесува 5,6 милијарди евра. Гувернерот на Централната банка, Димитар Богов тврди  дека и по овие податоци, Македонија останува умерено задолжена земја. Септемвриски раст на долговите, како ќе се сервисираат? Владата ги намали надоврешните задолжуања, но ги зголеми долговите кон внатрешните кредитори. Заклучно со септември, Јавниот Долг на Централната влада достигна 34,1% од Бруто Домашниот Производ. Еве каква е структурата на Јавниот долг : Јавен долг                  2,7 милијарди евра Надворешен долг      1,6 милијарди евра Внатрешен долг         1,1 милијарда евра Според податоците на Министерството за финасии, во септември е регистриран пораст на внатрешното задолжување што владата го спроведува преку продажба на државни хартии од вредност. Така, заклучно со деветтиот месец од годинава, државата на домашните кредитори им должи скоро 1 милијарда евра. Долговите растат, но Македонија сеуште е во зоната на умерена задолженост и земјата во следните години може редовно да ги сервисира обврските – оценува гувернерот на НБРМ Димитар Богов. “Нивото на долгот секогаш треба да се зема предвид, заедно со способноста на земјата да го исплатува. Износот на долгот на јавниот сектор сеуште е на умерено ниво и ние имаме способност редовно да ги отплаќаме и да ги сервисираме долговите во следните години“ – оцени гувернерот Богов. Последното задолжување на домашен терен се случи во вторникот, кога Владата наместо 37 милиони евра, преку продажба на државни хартии од вредност, собра 44 милиони евра. Задолжувањата од домашните кредитори станаа главен извор за финансирање на буџетските потреби. Главно, преку нови задолжувања, Владата обезбедува пари за да врати страри долгови, но често се задолжува со поголеми суми од претходно планираните. Приватниот сектор се позадолжен кон странство! Нов пораст на надворешната задолженост измери Народната Банка на Македонија. Како што веќе објави “Фактор“,  заклучно со вториот квартал од годинава, Бруто надворешниот долг се искачи на скоро 5,6 милијарди евра, пришто праст беше регистриран и кај краткорочните и кај долгорочните задолжувања. Од вкупниот надворешен долг, 3 милијарди евра отпаѓаат на приватниот сектор, кој во споредба со истиот период од 2012, е задолжен со 240 милиони евра повеќе. Најголем дел од овој долг, или 1 милијарда и 673 милиони евра се долгови на компаниите. Гувернерот Богов вели дека е точно оти расте задолженоста кон странство, но дека во оваа сума се вклучени долговите на јавниот, на  приватниот сектор и на монетарната власт. “Приватниот долг, што е карактеристично за Македонија, е тоа што не е долг од аспект дека фирмите земале кредити, па треба да ги враќаат. Во најголем дел него го сочинуваат кредитите меѓу поврзани субјекти, кои се странски субјекти, па такат тие средства се инвестираат. Еден голем дел се трговски кредити, секогаш кога се зголемува надворешната трговија се зголемува и износот. Најмалиот дел се паричните кредити кои најчесто се кога матичните банки даваат кредитна поддршка на банките во земјата“ - вели Богов кој оцени дека сепка приатниот сектор е тој што сам одлучува како и колку ќе се задолжи и како ќе ги враќа долговите. Податоците укажуваат дека растат надворешните долгови и на  домаќинствата и непрофитните интитуции што им даваат услуги на домаќинствата. Така, долговите кон странство на овој сектор,  залучно со вториот квартал достигнаа салдо од 9,4 милиони евра. Според податоците од Народната Банка, државниот сектор должи 1 милијарда и 679 милиони евра а од овие пари 1,5 милијарда евра се по основ на комерцијални заеми.  Монетарната власт заклучно со вториот квартал кон странство должи 427 милиони евра а банкраскиот сектор 666 милиони евра. Анализата на трендот на задолжувањата покажува дека во второто тромесечје, пораст на надворешната задолженост во однос на првиот квартал, е регистриран кај монетарниот сектор за 40 тина милиони евра и кај банкарскиот сектор за 50 милиони евра. Според пресметката, во јуни Бруто Надорешниот Долг достигна 74,6% од Бруто Домашниот Производ ( подаотоци за 2012 та година). Во 2007 ма година вкупните долгови кон странство изнесуваа 2,8 милијарди евра, шест години потоа, оваа сума двојно се зголеми на 5,6 милијарди евра.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

МВР го појача возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го појача возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра