ЈСП повторно остана без нафта
Објавено во: Македонија 31 Декември, 2024
Најголемиот дел од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје веќе се паркирани во гаражите, а останатите ќе снемаат гориво за два до три часа, објави Сител.
Информацијата дека ЈСП повторно останува без нафта ја потврдија од Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје и Независниот синдикат на возачи.
Според Миќо Стојановски од синдикатот на вработените во ЈСП, синоќа автобусите се повлекле порано од своите линии со цел да заштедат гориво повеќе за денеска да можат да возат барем една смена.
Синдикалниот претставник информира дека од пред неколку дена ЈСП нема ниту директор, откако договорот на Драги Кушовски бил истечен и тој веќе не доаѓал на работа.