ЈСП уверува: Се е во ред со електронските картички, граѓаните и натаму неажурни
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2017 17:26
Од Јавното сообраќајно претпријатие уверуваат дека се е во ред со новиот систем за електронска наплата кој се применува веќе неколку месеци, а од почетокот на годинава е и задолжително да се поседува електронска картичка.
Сепак, граѓаните и покрај долгите најави дека нема да се продаваат билети во автобус не успеваат навреме да ги надополнат електронските картички со „кредит“, што од неажурност, што од мал број на продажни места.

Според директорот на ЈСП Игор Јанушев, најголема штета за превозот била направена со погрешното информирање на медиумите поради што граѓаните биле доведени во заблуда, додека системот функционирал речиси беспрекорно.
Како неточни и дезинформација ги отфрли информациите дека цените на билетите на ЈСП ќе се покачат од февруари. Според него, билетот повторно ќе чини 35 денари, додека рокот од 15 дена за билетите за 10 возења кои чинат 250 денари имаат рок на траење од 15 дена, исто како и претходно.

Јанушев на денешната прес конференција, апелираше до корисниците на градскиот превоз да не ги фрлаат неперсонализираните картички, туку истите да ги надополнуваат со средства во продажните места на ЈСП.
Останува да виси во воздух и прашањето каде освен во билетарниците на ЈСП кои и онака се малку на број ќе може да се надополнуваат електронските картички со кредит за возење или специфични билети.
Наскоро се очекува и двата мобилни оператори да се вклучат во системот на електронска наплата на билети со телефон во возило, но на овој начин билетот е поскап.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




