17 Декември, 2025
0.3484

ЈУЖЕН ТЕК: Казна за Бугарија, подарок за Турција

Објавено во: Балкан 06 Декември, 2014 19:47

Добивај вести на Viber

Европската унија практично и подари еден крак од гасоводот наменет за Европа на Турција, вели првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер, објаснувајќи ја одлуката за запирање на проектот за изградба на гасоводот Јужен тек. Во интервју за руската државна телевизија, Милер нагласил дека благодарение на непопустливоста на ЕУ, губитник испаднала една европска држава - Бугарија, додека добивка извлекла Турција. „Во моментов во Бугарија транзитно се испорачуваат 18 милијарди кубни метри гас наменет за Турција, Македонија и Грција. По реализирањето на проектот за морски гасовод кон Турција сите овие количини ќе поминат низ турска територија, а не преку Бугарија. Таа ќе го загуби статусот на транзитна држава. За Бугарија без сомнежи сега ситуацијата е комплицирана, пред сè затоа што не само што ќе ги пропушти сите бенефиции, но и ќе ги почувствува директните загуби. Таму нема да бидат инвестирани над 3 милијарди. евра, а исто така нема да бидат отворени над 6.000 работни места“, објаснува Милер. Тој наведува дека Турција сега е нов стратешки партнер за Русија во гасниот бизнис - преку нејзина територија ќе се пренесуваат околу 50 милијарди кубни метри гас што ќе го зголеми и нејзиниот геополитички статус во регионот. Изградбата на гасоводот Јужен тек била запрена токму на денот кога бродот на италијанската компанија „Сајпем“ влегол во водите на Црното Море со намера да поставува цевки на дното за изградба на гасоводот. Неговите активности морале да бидат запрени, бидејќи Бугарија до последен момент не дала согласност за поставување цевки во нејзините територијални води.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата