17 Декември, 2025
0.0647

ЈУЖЕН ТЕК: Турција и Ердоган сега имаат главен збор за гасоводната иднина на Балканот?

Објавено во: Балкан 02 Декември, 2014 13:39

Добивај вести на Viber

Одлуката на Русија да се откаже од изградбата на гасоводот Јужен тек, има огромни геополитички и економски последици за целиот балкански регион, кој се надеваше да се најде на трасата за експорт на руски гас кон Европа. Со последните планови на официјална Москва, наместо Јужен тек, кој требаше да транспортира гас по дното на Црното Море и преку Бугарија, се поизвесна е друга варијанта - продолжување на гасоводот Син тек кон Турција, со што природниот гас би бил пренасочен преку територијата на Турција и Грција. Рускиот претседател Владимир Путин вчера веќе најави дека за оваа цел Русија е подготвена да изгради огромно складиште за гас на турско-грчката граница. Од оваа траса, одредено количество природен гас би можело да стигнува до земјите од Европската унија, но и до оние од Југоисточна Европа. Но, долгорочно, одредено количество гас ќе се пренасочи во коридор кон Блискиот Исток, што ќе ја промени геополитичката и економската слика на Југоисточна Европа, велат аналитичарите. Ако со Јужен тек клучна улога се очекуваше да има линијата Бугарија-Србија-Унгарија-Словенија-Австрија-Италија, сега главен играч ќе стане Турција и нејзиниот „непредвидлив“ претседател Реџеп Тајип Ердоган познат по политиката на оддалечување од ЕУ и западните земји, проценуваат експертите. Дополнително, во линијата за снабдување на Југоисточна Европа со важниот енергенс, се зголемува значењето и на Грција, чија територија ќе биде единствена рута за пренос на гасот кон балканските земји.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата