08 Октомври, 2024
0.0294

ЈУЖНА КОРЕЈА ЈА ОТВОРИ ЗЕМЈАТА ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: Квотата е 165.000 луѓе, се бараат работници за во ресторани, хотели, во рударската и шумарската индустрија

Објавено во: Свет 05 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Jужна Кореја има само 170 вработени кои ги прегледуваат податоците за странските работници. За да се постигне целта за зголемување на квотата на странски вработени на 165.000, секој функционер треба да прегледа речиси илјада податоци.

Корејските бизниси кои се соочуваат со недостиг на работна сила, нетрпеливо ја чекаат обработката на барањата за работна дозвола. Иако корејската влада најави зголемување на квотата на странски работници на 165.000 оваа година, Chosun Daily наведува дека обработката на документите е многу бавна поради недостигот на специјализиран кадар во рамките на човечките ресурси, а реализацијата на овој проект ќе има многу тешкотии.

Главниот извршен директор на компанијата за компоненти за климатизација, г-дин Ли, се обиде да регрутира странски работници со основни вештини на почетокот на оваа година, откако двајца корејски работници ја напуштија компанијата минатата година.

Поради природата на бизнисот на компанијата, нарачките за делови за ладење се зголемуваат по зимата. Поради ова, компанијата на г-дин Ли планира да вработи и обучи странски работници овој период за да почнат да работат фабриката веќе во март или април.

Г-дин Ли вели дека: „минатата година слушнал дека корејската влада поставила цел 165.000 странски работници да добијат дозвола да влезат во земјата оваа година, што е најголем број досега“.

- Тогаш бев многу возбуден што ќе ја започнам продукцијата од новата година. Оттогаш чекам и сè уште не сум добил известување што ќе ми овозможи да се пријавам и да регрутирам странски работници - додава тој.

Според вестите објавени на 30 јануари во весникот Ханкок Илбо, корејската влада најавила дека значително ќе ја зголеми квотата со тоа што ќе дозволи регрутирање на 165.000 странски работници преку визата Е-9 (работна виза за неквалификувани работници). Овој прилив на работници би го компензирал недостатокот на човечки ресурси во многу индустрии годинава.

Но, Министерството за јавна администрација и безбедност го одби барањето на Министерството за вработување и труд за зголемување на персоналот задолжен за процесот на прегледување документи и натамошно управување со увезените странски работници.

Аплицирањето за дозволи за регрутирање странци во 2024 година започна на 29 јануари, речиси три месеци подоцна од минатата година.

Поентата е дека оваа работа оди подалеку од само прегледување на документацијата. Персоналот задолжен за регрутирање странски работници мора и физички да ги провери капацитетите во кои ќе престојуваат работниците при нивниот првичен влез во земјата. Нивната работа вклучува и проверка на работното место каде што странските работници ќе ја вршат својата работа, следење на повредите при работа на странски работници и контрола на договорите за работа кои повеќе не важат.

Ова е исто така прва година кога Кореја го прошири опсегот на работници дозволувајќи им да работат во ресторани, хотели, шумарство и рударска индустрија.

ФОТО: Unsplash

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист