19 Декември, 2025
0.0653

Каде да ги оставате вашите фискални сметки за наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“?

Објавено во: Мои пари 23 Март, 2014 10:47

Добивај вести на Viber

Државна лотарија на Македонија како организатор на Наградната игра Фискална во рака – награда без мака, ги известува заинтересираните учесници дека во пресрет на 4тото извлекување кое ќе се реализира на 31ви март 2014та година, покрај испраќањето по Пошта со наменската поштенска марка по цена од 8 денари која може да ја добијат во сите експозитури низ РМ, учесниците во наградната игра може да ги оставаат своите адресирани коверти со фискални сметки и лични податоци на специјално одредените пунктови од кои еден е во зградата на МРТ, при седиштето на Државна лотарија на Македонија, а другите се на различни локации пред уплатно- исплатни места за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, обележани со знакот - СРЕЌНО МЕСТО. Во Скопје: секој ден во тек на работното време на среќните места: Толлакс на улуца Македонија и МПМ Пресс кон Плоштад Македонија. Во другите градови по долунаведениот распоред:
Понеделник, 24.03.2014 (11:00 – 15:00ч.)
ВЕЛЕС  - продажно место ЛОТО77
КУМАНОВО - продажно место КЕОПС
Вторник, 25.03.2014 (11:00 – 15:00ч.)
ШТИП - продажно место ТУТУН ПРОМ
СТРУМИЦА - продажно место ВАТКОС КОЧАНИ  - продажно место АНАФИЛ
Среда, 26.03.2014 (11:00 – 15:00ч.)
ГЕВГЕЛИЈА - продажно местоМОНТЕ МК
КАВАДАРЦИ - продажно место СИГМА
Четврток, 27.03.2014 (11:00 – 15:00ч.)
БИТОЛА - продажно место ВАГАБОНД
ПРИЛЕП - продажно место ТОБАКО ПЛУС
Петок, 28.03.2014 (11:00 – 15:00ч.)
ОХРИД - продажно место ПРАГМА
СТРУГА - продажно место КИКИ ТВИНС
КИЧЕВО - продажно место ДЕТЕЛИНКА
Сабота 29.03.2014 (11:00 – 15:00ч.)
ГОСТИВАР - продажно место ЈОТОН
ТЕТОВО - продажно место БАРТОН
  За потсетување: Во ова 4то коло на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА се извлекува за еден автомобил PEUGEUOT 208, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехрамбени продукти во вредност од по 1000 денари. Извлекувањето ќе се реализира во живо на 31ви март на Македонска Радио Телевизија, од 20:00 часот. Во извлекувањето ќе учествуваат сите коверти испратени за 4то коло со сметки кои се валидни од најран датум 15.11. 2013та година. Неизвлечените коверти од ова коло како и од второто, третото, а понатаму и од петото и шестото, се чуваат од страна на Државна лотарија на Македонија како организатор на наградната игра и ќе учествуваат во 7мото коло за извлекување на стан и деловен простор. За учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15.11. 2013та, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот кој независно дали ќе се остави во кутија на некој пунктовите, или ќе се прати по пошта мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра:

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција