Kаде е завршната сметка за буџетот – доказот за тоа како се трошеле парите?
Објавено во: Финансии 05 Септември, 2013 08:13
„Во минатото практикувавме Завршната сметка за буџетот да влезе во собраниска процедура некаде во текот на месец април, или четири месеци по завршување на буџетската година. Овој документ е значаен бидејќи тој покажува како и за што “дефакто“ се потрешени буџетските пари“ – вели за “Фактор“ академик Таки Фити.
Од Министерството за финансии не добивме одговор кога Завршната сметка ќе влезе во собраниска процедура и која е причината за доцнењето, како што обвинија од опозициската СДСМ.
Експертите посочуваат дека законската обврска мора да биде испочитувана.
“Кога се дефинаираат буџетските позиции, власата прокетира расходи и приходи. Во меѓувреме, поради различни причини може да се случат и поместувања, односно ребаланс на буџетот. Завршната сметка токму ќе ги покаже и прикаже конечните состојби на вкупните приходи и трошења, односно да ги прикаже можните големи разлики на приходната и расходната страна на буџетот“ – објаснува академик Фити.
Опозицијата ќе предложи казни!
Завршната буџетска сметка е значајна како и секоја завршна сметка на секоја фирма во земјава – велат од опозициската СДСМ од каде ја повикаа владата да го достави предлогот до Собранието.
„Додека буџетот не се оствари, односно не се реализира, тој всушност претставува само “предвидување“, но кога ќе се оствара тогаш веке не е тоа, и Владата мора да поднесе отчет што “де – факто“ се случило во однос на трошењето на народните пари. Покрај тоа (давањето на "обичен" отчет), Владата би морала и да понуди аргументи за правдање на трошоците “ – вели за “Фактор“ Ванчо Узунов, универзитетски професор од опозициската СДСМ.
Тој смета дека Завршната сметка не е само “формалност“ туку клучен доказ за исправноста на владините буџетски политики.
По повикот на СДСМ за Завршната сметка, во текот на викендот се огласи владеачката ВМРО – ДПМНЕ.
“Податоците за државните финансии се јавни и достапни до сите граѓани на Република Македонија и до меѓународните финансиски институции во кои членуваме. Повикот на СДСМ е очаен чекор за привлекување внимание и извртување на вистината. ММФ потврди во својот Извештај дека Македонија има ниско ниво на државен долг, како и умерен буџетски дефицит. Македонија е четврта најниско задолжена земја во Европа, а шефицата на мисијата на ММФ при својата последна посета јавно го демантираше СДСМ во нивниот обид да прикажат дека Македонија ја очекува грчко сценарио “ – оценија од партијата на власт и додадоа:
“Катаклизмичните претскажувања на експертите на опозициската партија никогаш не се реализираа. Во земјава во најтешкиот период за европската економија влегуваат и инвестираат странски компании и отвораат голем број нови работни места. СДСМ не можеше тоа да го постигне кога светската економија го доживуваше економскиот бум“ – напиша ВМРО ДПМНЕ во писмената реакција.
Опозицијата најави дека ќе предложи законски измени за воведување на казнени одредби.
„Во однос на казнените одредби, според сегашната регулатива тие не се предвидени, како што е случајот, на пример, за недоставување на завршна сметка на фирма, или за недоставување на даночна пријава на граѓанин. Идејата е да се внесе обврска поткрепена не само со "морал, туку и со реална казна“ – вели Узунов од СДСМ.
Лани, Завршната сметка за Буџетот 2011 та година беше усвоена на почетокот од месец септември, откако претходнo го мина собранискиот филтер.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





