16 Декември, 2025
0.0623

КАДЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ НАЈВИСОКИТЕ ПЛАТИ? Не се компјутерџии, а зeмаат скоро 100 илјади денари месечно

Објавено во: Финансии 22 Февруари, 2023 14:40

Добивај вести на Viber

Во кои сектори се најплатените работници во Македонија? Иако секторот Информации и комуникации важи за сектор со највисока просечна плата, сепак, не се компјутреџиите најплатените во земјава. 

Највисоки плати земаат работниците во секторот „воздухопловен транспорт“, каде за месец декември е исплатена просечна нето плата од 94.537 денари. Нивните плати на годишно ниво пораснале 4,8 отсто. Работниците од секторот воздухопловен транспорт се во категорија Транспорт и складирање каде пак просечната плата за декември изнесувала само 34.300 денари. 

Ведаш по вработените во воздухопловен транспорт на листата се компјутерџиите. Во секторот „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ просечна плата во декември била 88.192 денари, и таму има раст од 12,3 проценти споредено лани. 

Трети на листа највисоки плати се за вработените во сектор „дејности за изнајмување и давање под закуп (лизинг)“, каде во декември лани исплатена е просечна плата од 78.405 денари. Овде има и едно големо изненадување, имено растот на нивните плати е е дури 16,9 проценти. 

Во групата на работници чии плати се доста повисоки од просечната се и вработените во сектор „информации и комуникации“ каде платата во декември изнесувала 65.917 денари

Нешто помалку од нив добивале работниците во секторот, „складирање и помошни дејности во превозот“ со 65.224 денари просечно исплатена нето плата.

Ова се податоци на Државниот завод за статистика, кој денеска објави дека просечната испалатена нето плата во Македонија достигнала 34.364 денари

Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска