НЕИЗВЕСНОСТ ДО КРАЈ
КАДЕ СЕ КИКСНА: ДИК во хаос, несовпаѓање на податоците од ОИК и електронските податоци!
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2016 15:56
Податоците од општинските изборни комисии не се софпаѓаат со елктронските податоци на Државната изборна комисија.
Оваа информација за извори од ДИК ја потврдиле за порталот сакамдакажам.мк.
Како што пренесе овој медиум, повикувајќи се на свои извори во ДИК, таму е хаос во моментов.
„Почнуваме да ги пробиваме законските рокови за постизборните процедури што треба да ги спроведе Комисијата. Постапката на доставување на записниците од Општинските изборни комисии е во тек, уште трае. Но, како што стигаат, се утврдува несовпаѓање со електронските податоци на ДИК. Никој не кажува кај е киксот. Никогаш не се случило ние да немаме официјални и конечни резултати до 13 часот утредента по секои избори“, велат за сакамдакажам.мк изворите од службите во Комисијата.
Несовпаѓање, како што пишуваат има во податоците од записниците на ОИК во врска со бројот на излезени гласачи, на неизлезени гласачи, процентот на излезност, број на освоени гласови кај партиите и на неважечки ливчиња, во однос на вкупните бројки што ги има ДИК на нејзината електронска апликација.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




