05 Декември, 2025
0.8083

Како банките ги утврдуваат каматните стапки на кредитите?

Објавено во: Финансии 10 Јуни, 2014 09:28

Добивај вести на Viber

Во моментот на определување на каматните стапки-основна претпоставка на банката е дека ќе  има голема веројатност кредитот да се сервисира навремено. Притоа треба да се имаат во предвид и останатите фактори како што се   износот кој клиентот го позајмува , кредитниот  рејтинг, колку долго ќе се користи кредитот,  соодветната намена, анализа на приходите, колатерал и соодветно подготвени  идни проекции ,кои исто така ќе влијаат  на каматната стапка. пишува Билјана Настоска, Стопанска Банка Битола Банките заработуваат преку обезбедување на пласмани на финансиските средства добиени од разни кредитни линии. Нето каматната маргина (нкм),  која повеќето банки ја објавуваат во своите квартални извештаи претставува разликата помеѓу она што банката го заработува на кредитите, наспроти она што банката го плаќа како камата на депозитите. Определувањето на каматните стапки е комплициран процес со оглед на бројната низа на кредитни производи кои тие ги нудат. Банките генерално имаат слобода за утврдување на каматните стапки. Меѓутоа треба да се земе во предвид конкуренција на финансискиот пазар-нивото на пазарот за бројни каматни стапки  како и задолжителната резерва утврдена од страна на НБРМ. Задоложителната резерва е стандарден инструмент на монетарната политика, кој ги обврзува банките да издвојуваат  парични средства на своите сметки кај централната банка. Износот на задолжителната резерва го одредува централната банка како процент од вкупниот износ на депозитите и другите обврски на банките. Задолжителната резерва претставува законска обврска на банките која   тие не можат да ја избегнат. Задолжителната резерва го претставува најнискиот износ  на средства што банката мора да го чува на својата сметка кај Централната банка. Сепак, тоа не значи дека состојбата на сметката никако не смее да падне под износот на задолжителната резерва. Кога имаат потреба од парични средства, банките можат да посегнат по задолжителната резерва, т.е. таа може да се користи за одржување на секојдневната ликвидност. Можноста за користење на задолжителната резерва се однесува само на денарската резерва, додека кај задолжителната резерва во девизи не постои таква флексибилност. Основната функција на инструментот задолжителна резерва е стабилизирање на краткорочните каматни стапки на пазарот на пари и нивото на кредитна мултипликација, како и намалување на структурниот вишок на ликвидност. Во 2013 година се зголеми потребатa да се изврши поголемо влијание врз  конкретни сектори во економијата,  т.е дa се стимулираат приливите од странскиот  капитал и да се  направат промени во билансите на банките. Согласно податоците од НБРМ за 2013 година се стимулираше растот на штедењето на домашната валута и Народната банка ја зголеми стапката на задолжителна резерва за обврски во странска валута за 2 п.п.,односно од 13% на 15%, а истовремено соодветно ја намали стапката на задолжителна резерва за обврските во домашна валута од 10% на 8%. НБРМ ги превземаа сите потребни активности  за заживување на кредитната активност на Банките. Како  пазарни фактори кои банките ги земаат како база за определување на каматни стапки се економските фактори, вклучувајќи го нивото и раст на бруто домашниот производ (БДП) и инфлацијата. Овие фактори влијаат на побарувачката за кредити. Имено кога побарувачката е ниска, како што за време на економска рецесија, банките може да ги  намалат пасивните каматни стапки со цел стимулирање на клиентите да се задолжат. Во моментот на определување на каматните стапки-основна претпоставка на банката е дека ќе  има голема веројатност кредитот да се сервисира навремено. Притоа треба да се имаат во предвид и останатите фактори како што се   износот кој клиентот го позајмува , кредитниот  рејтинг, колку долго ќе се користи кредитот,  соодветната намена, анализа на приходите, колатерал и соодветно подготвени  идни проекции ,кои исто така ќе влијаат  на каматната стапка. Битно е да се напомене дека банките  се обидуваат да го зголемат својот  профит,  да ја одржуваат  својата профитабилност, да обезбедат  експанзија на пазарот  и да ги задоволат интересите на  своите акционери. Од друга страна пак  потрошувачите и бизнисите се најмногу заинтересирани за тоа како да се добие најниската можна каматна стапка. Банките балансот го одржуваат со обезедување на квалитетен колатерал , највисок кредитен рејтинг на клиентите, со што ќе им овозможат соодветна каматна стапка која ќе одговара на нивните можности. Банките во целина активно ги следат трендовите во банкарството и по потреба соодветно се приспособуваат кон истите, имајќи го во предвид домашниот пазар, влијанијата од надворешното окружување, а се со цел остварување на целите и политиките.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката