КАКО БЕ СО ВАКВИ ДА ГРАДИШ ПРИЈАТЕЛСКИ И ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ? Овој низок обид за негирање е срам за Радев и неподнослива мизерија на нивниот дух, вели актерот Јовановски
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2024
Овој низок обид за негирање и понижување на Македонија од страна на официјална Бугарија, не е само срам за Радев и за неговиот кабинет, туку е неподнослива мизерија на нивниот дух.
Кога заради нивните фрустрации и криза на идентитет те негираат во корен.
На некого можеби му е мака што не е Македонец, ама што да се прави. Тоа е состојба на духот и треба да се заслужи.
Затоа се радувам што македонската опера и балет, им го збрца знамето во центарот на Софија! Градот со најмногу Македонци во светот.
Честитки за МОБ!
Се разбира дека не е лесно да се пее и да се свири кога во публика седат во нај голем број Македонци. Луѓе со генетски всадено чувство за музика. Народ со космички фолклор.
Браво наши, така се сака татковината!
Така се бранат боите на знамето!“, напиша тој на фејсбук.