Добивај вести на Viber
Докторот Ненад Лазаров кој е еден од основачите на ECrowd.mk за собирање донации, бара јавна поддршка за да се донесе регулатива со која ќе се обврзат телекомите да објавуваат јавно колку средства се собрани од донациии.
„Повикувам на јавна поддршка за да се донесе регулатива и да се обврзат телекомите да објавуваат јавно кој колку средства добил прибрани со донациски телефони.
Некаква си заштита на лични податоци е аспурд кога јавно со име презиме се повикува да се донираат истите тие пари!
Ние од ECrowd.mk сметаме дека е фер и најчесно за донаторите да можат да гледаат кој и колку пари собрал.
Нерифатлива е ваква нетранспарентност со години.Одвратни злоупотреби има.
Апелираме до Агенцијата за електронски комуникации веднаш да наложи на телекомите ова да се овозможи и тоа да е достапно во реално време.“ напиша тој на фејсбук.