„ЗНАЕМЕ ДЕКА М-НАВ Е ПАРТИСКО ДУВЛО, АМА ТРЕБА ДА ИМА ЛИМИТ ДО КАДЕ СЕ ОДИ СО ЗАТАШКУВАЊЕ“: Адвокатот Јанаки бара истрага и од обвинителство за инцидентот над македонското небо
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2024
За инцидентот кој се случи неодамна над македонското небо, се огласи адвокатот Јанаки Митровски.
„За инцидентот над македонското небо во кој за влакно е избегната страшна несреќа и судир над два авиони, покрај истрага на воздухопловните власти, истрага треба да отвори и обвинителство поради основано сомнение за сторено кривично дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај казниво по член 303 од КЗ.
Постојат сериозни индиции дека е пропуштен должен надзор на безбедноста на авионскиот сообраќај со што е доведена во прашање безбедноста на два воздухоплова.
Знаеме дека М-НАВ е партиско дувло ама веројатно треба да има лимит до каде може да се оди со заташкување, стотици животи беа доведени во сериозна опасност и потенцијално илјадници на земја!“, напиша тој на фејсбук.