ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова од Софија порача дека ќе трагаат по компромис, пред операта демонстранти ја пречекаа со пароли
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2024
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА Е ВО ПОСЕТА НА СОФИЈА
Maкедонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со бугарскиот колега Румен Радев во Софија изјави дека ќе трагаат по компромис, без никој да се чувствува навреден.
„Се обединивме околу најважното – европската интеграција, околу Копенхагенските критериуми, околу регионалниот пристап кон решавање на проблемите, околу тоа дека нема да ги повториме грешките на Бугарија и ќе трагаме по компромисот и единственото решение, без никој да се чувствува повреден и без никој да мисли дека е заборавен“, рече Сиљановска-Давкова.ПИТОМЦИ И ОФИЦЕРИ ЗАВРШИЈА НА ИНФЕКТИВНА
Дваесет питомци и двајца офицери на Центарот за обука на питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во текот на вчерашниот ден се пожалиле на мачнина проследена со повраќање, соопштуваат од Министерството за одбрана.
Од нив само едно лице е задржано на Инфективната клиника, и се очекува денеска да биде вратено во единицата.
Имено, како што информираат од Министерството, најпрво тројца питомци се пожалиле на мачнина проследена со повраќање по што итно биле пренесени на Инфективната клиника при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.УНГАРСКИОТ ЗАЕМ ПОМИНА НА КОМИСИЈА
На собраниската Комисија за финасирање и буџет помина законот за задолжување на државава со 500 милиони евра од Унгарија.
Седницата на комисијата за финансирање и буџет беше свикана од претседателот на Собранието, Африм Гаши, откако претседателката на комисија Сања Лукаревска вчера одби да ја свика седницата.
СДСМ вчера објави дека ќе се обиде да издејствува законот да се повлече од скратена постапка и да се носи во редовна, со јавна расправа и дека ќе го искористи моментот што има свој претседател на оваа собраниска комисија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Кабинет на Сиљановска-Давкова