15 Септември, 2024
0.0316

РАДЕВ ЈА ПОКАНИЛ ДАВКОВА ДА СЕ СЛИКААТ ПРЕД БУГАРСКОТО ЗНАМЕ: Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, велат од кабинетот на претседателката

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска - Давкова ќе побара објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија Румен Радев иако, како што нагласуваат оттаму, ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. 

- Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна, велат од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Воодушевена од настапот на Бугарската опера во Скопје со вагнеровата ‘Валкира’, македонската претседателка Гордана Сиљановска - Давкова, убедена во моќта на културната дипломатија, објаснуваат од нејзиниот Кабинет, вети дека ќе присуствува на настапот на Македонската опера во Софија со вердиевиот „Набуко“.

- За таа цел, на 13-ти септември ја посети Република Бугарија, придружувана од министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков. По тој повод, беше договорена тет-а-тет средба со претседателот на Република Бугарија, г-динот Румен Радев, ручек на македонските и бугарските претставници, како и заедничко присуство на операта „Набуко“, во изведба на Македонската опера и балет. За жал, трагичниот настан, односно авионската несреќа ги спречи претседателот и неговата сопруга да ѝ се придружат на претставата. Обајцата се извинија за спреченоста. Средбата и заедничкиот ручек поминаа во извонредно пријателска атмосфера, од пречекот до крајот, посочуваат од нејзиниот Кабинет. 

Она што фрли сенка на настанот, како што се нагласува, е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор.

-Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна, потенцираат од Кабинетот на Сиљановска Давкова.

На крајот, како посочуваат оттаму, бугарската оперска публика, позната по префинетиот музички вкус со френетични аплаузи и овации го награди фантастичниот настап на македонските уметници, уште еднаш докажувајќи ја неисцрпната и неограничена моќ на уметноста. 

Фотографијата на која Сиљановска Давкова и Радев се ракуваат пред бугарското знаме во неговиот Кабинет предизвика реакции во земјата.


Можеби ќе ве интересира

КАКО БЕ СО ВАКВИ ДА ГРАДИШ ПРИЈАТЕЛСКИ И ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ? Овој низок обид за негирање е срам за Радев и неподнослива мизерија на нивниот дух, вели актерот Јовановски

КАКО БЕ СО ВАКВИ ДА ГРАДИШ ПРИЈАТЕЛСКИ И ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ? Овој низок обид за негирање е срам за Радев и неподнослива мизерија на нивниот дух, вели актерот Јовановски

ТЕЛЕКОМИТЕ ДА ОБЈАВУВААТ ЈАВНО КОЈ КОЛКУ СРЕДСТВА ДОБИЛ ОД ДОНАЦИСКИ ТЕЛЕФОНИ: Д-р Лазаров вели има одвратни злоупотреби

ТЕЛЕКОМИТЕ ДА ОБЈАВУВААТ ЈАВНО КОЈ КОЛКУ СРЕДСТВА ДОБИЛ ОД ДОНАЦИСКИ ТЕЛЕФОНИ: Д-р Лазаров вели има одвратни злоупотреби

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА „БОМБИТЕ“ СО КОИ ПАДНА НЕГОВАТА ПАРТИЈА ОД ВЛАСТ ГИ НЕМА ВО ДЕПОТО НА МВР: Еве што вели тој

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА „БОМБИТЕ“ СО КОИ ПАДНА НЕГОВАТА ПАРТИЈА ОД ВЛАСТ ГИ НЕМА ВО ДЕПОТО НА МВР: Еве што вели тој

За прв пат во Македонија започнува Академијата за управување со јавни набавки

За прв пат во Македонија започнува Академијата за управување со јавни набавки

„ЗНАЕМЕ ДЕКА М-НАВ Е ПАРТИСКО ДУВЛО, АМА ТРЕБА ДА ИМА ЛИМИТ ДО КАДЕ СЕ ОДИ СО ЗАТАШКУВАЊЕ“: Адвокатот Јанаки бара истрага и од обвинителство за инцидентот над македонското небо

„ЗНАЕМЕ ДЕКА М-НАВ Е ПАРТИСКО ДУВЛО, АМА ТРЕБА ДА ИМА ЛИМИТ ДО КАДЕ СЕ ОДИ СО ЗАТАШКУВАЊЕ“: Адвокатот Јанаки бара истрага и од обвинителство за инцидентот над македонското небо

СЕ ЈАВИ И ФИЛИПЧЕ: Гордо позираа пред бугарското знаме!

СЕ ЈАВИ И ФИЛИПЧЕ: Гордо позираа пред бугарското знаме!

ГЕРМАНИЈА НУДИ БРОЈНИ МОЖНОСТИ ЗА МЛАДИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА: За Шпајх, Македонците со право се фрустрирани од ЕУ

ГЕРМАНИЈА НУДИ БРОЈНИ МОЖНОСТИ ЗА МЛАДИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА: За Шпајх, Македонците со право се фрустрирани од ЕУ

БИЛЕ НАБАВУВАНИ ЛЕКОВИ КОИ НЕ СЕ НА ЛИСТАТА НА ЛЕКОВИ: Сериозни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ за работата во Фондот за здравствено осигурување

БИЛЕ НАБАВУВАНИ ЛЕКОВИ КОИ НЕ СЕ НА ЛИСТАТА НА ЛЕКОВИ: Сериозни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ за работата во Фондот за здравствено осигурување

ГОРДАТА ГОРДАНА СЕ СОГЛАСИЛА НА СРЕДБА БЕЗ ДА СЕ ИСТАКНЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Кузеска за средбата на Силјановска Давкова со Радев

ГОРДАТА ГОРДАНА СЕ СОГЛАСИЛА НА СРЕДБА БЕЗ ДА СЕ ИСТАКНЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Кузеска за средбата на Силјановска Давкова со Радев