Добивај вести на Viber
Cо различни манипулации преку сопствени фирми, богатите во Cрбија можат и воопшто да не платат данок.Покрај олеснувањата кои им ги понуди државата, они се снашле и дополнително да заштедат. Така на пример, својот автомобил го пријавуваат на име на фирмата, па на него како основно средство не плаќаат данок.
Во Cрбија, според официјалните резултати, околу 3.770 граѓани се сметаат за богати, бидејќи пријавиле имот во вредност од над 350.000 евра, на кој ќе платат данок од 15 посто. Тој што е снаодлив и што има добри даночни советници, сепак има простор да ги спушти вкупните обврски на многу ниска стапка.
Cтара е приказната дека повеќето од оние кои денес имаат вредни компании во Cрбија, а кои најчесто се евидентирани како странски фирми од егзотични острови, имаат озбилни тимови со доста стручни луѓе на кои единствена работа им е да најдат начин, оној што ги ангажира, да плати што е можно помал данок.
- Кај нас постојат и големи намалувања на данокот на добивка, и иако е пропишана стапка од 15 посто, тој на крајот може да излезе само три. Тука е и опцијата да се регистрираат како резиденти од странство, на пример од Монте Карло каде данокот е симболичен, и ништо да не плаќаат во Cрбија - наведуваат за Блиц од Националната алијанса за локален економски развој (NALED).
Богаташите сега можат и своите вили да ги пријавуваат на име на фирма и наместо да платат данок на реалната пазарна цена, они плаќаат на книговодствената, што е значително помала. Некои одлучуваат да не примат плата, туку во најголем дел зимаат дивиденда или некој друга надокнада од фирмата на оснивачот, а која обично е регистрирана во некој од „даночните раеви“. Поточно, секој кеш кој им е потребен стигнува „заобиколено“ преку некој од егзотичните острови, каде фирмата од Cрбија фактурира разни услуги на „консалтинг“ или „советување“, па „хонорарот“ ослободен од данок стигнува назад во земјата.
Од друга страна, Милица Бисиќ, советничка во Министерството за финансии, вели дека, ако некој исплатува на себе дивиденда, тоа не значи дека не плаќа данок.
- На заработката се плаќа данок од 10 отсто, а ако заработувате убаво, тогаш веројатно ќе плаќате и годишен данок на добивка. Ако годишната заработувачка е во висина од три до шест просечни годишни заработувачки, стапката на тој данок е 10 отсто, а ако е повисока од шест, 15 отсто. Кога се ќе соберете, ефективно, тоа е околу 30 посто. а оној кој исплаќа дивиденда, плаќа 15 отсто данок на добивка и 15 отсто на дивиденда , што на крајот доаѓа приближно еднакво - објаснува Бисиќ.
Cветска банка и Меѓународниот монетарен фонд веќе неколку години ги опоменуваат властите во Белград дека овдешниот даночен систем е преполн со даночни олеснувања и дека, објективно, и покрај утврдените даночни стапки кои се на ниво на државите од ЕУ, буџетот има значително помалку средства по оваа основа.
Извор Блиц.рс