Како да бидете смирени и продуктивни на работа?
Објавено во: Финансии 20 Мај, 2016
Една изрека вели „ Силата доаѓа од смиреноста“. Како да бидете смирени и продуктивни на работа?
Тоа значи да ја средите емотивната, духовната и интелектулната енергија.
Затоа треба да се биде умерен. Средете ги мислите и бидете дисциплинирани.
Ослободете се од стрес, страв, грижи, комплекси и напнатост.
Избегнувајте ситуации и луѓе кои ве вознемируваат.
На другите не им го наметнувајте своето мислење.
Не наоѓајте изговори за она што нема да го сработите како треба.
Не се докажувајте и не се оправдувајте на другите.
Бидете самосвесни, имајте самодоверба и самопочит.