Како да достигнете врв во кариерата?
Објавено во: Финансии 05 Декември, 2016 15:08
Напорна работа, интелигенција и способност да бидеш лидер е потребно за врв во кариерата.
Друг фактор е да се најдете на вистинското место во правилен момент, кога ќе дојде време за покачување, коментираат од Светскиот економски форум.
Ново истражување покажува дека други фактори исто така може да помогнат на патот кон позицијата која ја сакате.
Социјалната мрежа LinkedIn ја разгледува професионалната биографија на 459 000 нејзини корисници од целиот свет, кои работеле во топ компании за менаџмент и консалтинг меѓу 1990 и 2010 година. Од нив околу 64.000 или близу 14%, станале партнери во големи компании, потпретседатели или извршни директори.
Податоците даваат некои интересни откритија за кариерата.
Времето поминато во секоја дополнителна работна функција, значи напредок во кариерата, што е еквивалентно на околу 3 години работно искуство.
Префрлањето меѓу компании во рамките на истата индустрија не обезбедува значаен поттик во кариерата. Промената на индустриите сепак има негативно влијание.
Од големо значење се покажува и локацијата. Во САД работа во Њујорк, на пример, е гарант за искачување на висока позиција. За разлика од нив, вработените во Хјустон или Вашингтон, имаат помали шанси да се искачат до врвот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





