15 Декември, 2025
0.0480

Како да одговорите на прашањето „Која е вашата најголема слабост“ на интервју за работа?

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2025 21:48

Добивај вести на Viber

Повеќето кандидати за работа мислат дека доброто образование и искуство се доволни, но искусната регрутерка Мадлин Ман открива за CNBC дека успехот на интервјуто често зависи од нешто друго - способноста паметно да се „навигира“ низ процесот на вработување.

По повеќе од една деценија во човечки ресурси, Мадлин Ман, основач на бизнисот за кариерно советување „Self Made Millennial“, знае што навистина бараат работодавците. За време на нејзината работа како регрутер, таа сфатила дека многу кандидати имаат ограничено разбирање за процесот на селекција и дека не секогаш успеваат најобразованите и најискусните, туку оние кои знаат како паметно да пристапат кон барањето работа, пишува CNBC Make It.

Според Ман, подготовката е клучот до успехот: ќе бидете поопуштени и посигурни ако однапред имате неколку добро осмислени одговори и конкретни примери. Едно од најчестите прашања на интервјуата е токму Која е вашата најголема слабост?

Поентата на ова прашање е да ја покажете вашата способност за саморефлексија. Многу кандидати се обидуваат да го избегнат тоа со фрази како „Работам премногу“ или „Јас сум перфекционист“, но искусните регрутери лесно можат да ја препознаат неискреноста.

Добриот одговор бара рамнотежа: признајте вистинска слабост, но не таква што е клучна за работата. Ако аплицирате за позиција сметководител, немојте да кажете дека го мразите Excel - тоа автоматски ве дисквалификува. Наместо тоа, слабоста треба да биде специфична, реална и поправлива, на пример, „Понекогаш ми е тешко да добијам внатрешна поддршка кога водам голем проект“.

Важно е да бидете концизни и веднаш да објасните како работите за надминување на слабостите. Можете да наведете конкретни чекори: работа на односите со колегите од други оддели, барање менторство или дополнителни обуки и курсеви. Сето тоа покажува проактивност, пренесува bizlife.

Иако зборувањето за слабостите може да биде непријатно, работодавците не го поставуваат ова прашање за да ве „фатат“. 

„Секој има слабости. Ако се сериозни во врска со вработувањето, тие само сакаат да разберат како да соработуваат со вас“, вели Ман.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден