19 Декември, 2025
0.0606

Како да се унапреди соработката меѓу деловната заедницата и универзитетите?

Објавено во: Мои пари 28 Мај, 2014 14:34

Добивај вести на Viber

Американската стопанска комора - АмЧам Македонија организираше конференција на тема ‘‘Унапредување на соработката помеѓу бизнис заедницата и универзитетите‘‘, како дел од предвидените активности за поттикнување на релевантноста на бизнисот во програмите за високо образование и зголемување на бројот на практиканства. ‘‘Продуцирањето на високо квалификуван кадар кој ќе одговори на потребите на деловната заедница е еден од главните фактори на развиените економии. Забележавме навистина иновативен и значаен прогрес од минатогодишниот настан на оваа тема, вклучувајќи проширување на соработката кај голем број компании како што се Окта, Џонсон Контролс и Македонски Телеком. Оваа тема е исто така актуелна кај претставниците на различни државни институции, па се надеваме дека работите полека ќе се движат во добра насока“, изјави Мишел Османли, Извршен директор на Американскаа стопанска комора во Македонија. Ричард Нормент, американски експерт и долгогодишен директор на Националниот совет на САД за јавно - приватно партнерство, говореше за можностите за развој на заеднички проекти помеѓу деловната заедница и универзитетите преку јавното – приватно партнерство. Тој уште на самиот почеток од својата презентација појасни дека зголемувањето на соработката помеѓу јавните институции и приватниот сектор, не треба да се измеша со обидите за приватизирање на јавните функции, ниту пак со зголемување на филантропските придонеси на компаниите кон инцијативите на јавниот сектор. „Во суштина потребно е создавање на вистинско партнерство помеѓу организации со различни предности и недостатоци кон остварување на заедничка цел“, рече Нормент. Дебатата се водеше на две панел дискусии. Првата дискусија беше на тема „Практиканство“, и на неа се дебатираше колку сегашната законска обврска за задолжително практиканство за сите студенти ги поттикнува фалсификувањата на потврдите и про форма практиканството; зошто компаниите кои не планираат да имаат нови вработувања би имале програма за практиканство; дали на студентите треба да им се смета како практикантски стаж спроведувањето на реални проекти на факултетот. Во втората панел дискусија се дебатираше како другите модели на соработка, односно користењето на повеќе практични примери од компаниите во текот на студирањето, вклучувањето на претставници од деловната заедница како гости говорници на факултетите како и за зголемувањето на бројот на специјализирани програми, можат да се подобрат/зголемат со цел соодветно да одговорат на барањата на компаниите. На конференцијата, помеѓу другото, беше заклучено и дека оспособувањето на студентите за практична работа уште во текот на студиите е значаен фактор за зголемување на нивната конкурентност (преку стекнување на вештини) и способност за побрзо наоѓање на работа. Компаниите во современата економија очекуваат дека дипломците веќе имаат познавање од практична работа со што се намалуваат нивните трошоци за нивно доусовршување. Американската стопанска комора во Македонија ги застапува интересите на над 100 најуспешни македонски и интернационални компании.

Можеби ќе ве интересира

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок