05 Декември, 2025
0.0714

КАКО ДА СЕ ВРАБОТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Се бараат келнери, бебиситерки, продавачи

Објавено во: Финансии 04 Август, 2024 20:33

Добивај вести на Viber

Германија воведе програма, која е многу слична на американската „Work and Travel“, за странски студенти кои сакаат да го поминат летото со нив извршувајќи сезонски работи - од земјоделство и туризам до гастрономија и малопродажба.

Познато е дека Германија постојано бара странски висококвалификувани стручњаци од различни области, но сега се најде во ситуација да им недостигаат и сезонски работници. Според тоа, таа започна програма за странски студенти кои сакаат да го поминат летото работејќи за да заштедат дополнителни пари - пари кои веројатно би биле повеќе отколку што би заработиле работејќи ја истата работа во нивните матични земји.

Иако оваа програма е првенствено наменета за студентите од Европската Унија, таа го вклучува и целиот регион на Западен Балкан - поради регулативите усвоени од германската влада во 2015 година - што автоматски значи и за граѓаните на Србија. Исто така, од 1 јуни годинава, германската влада ја удвои квотата за работни визи за граѓаните од Западен Балкан на 50.000 Во овој текст ќе најдете резиме за барањата за аплицирање, потребната документација, како и за кои работни места се популарни (достапни) во текот на летната сезона.

Како да се вработите во Германија

Доколку сте заинтересирани да аплицирате ова, следното или кое било лето, мора да имате „договор за вработување или понуда за работа во Германија“. Тогаш Федералната агенција за вработување мора да ја одобри вашата работа за да се осигура дека нема квалификувани кандидати од Германија или од ЕУ на располагање за истата позиција. Исто така, не смеете да добивате никакви бенефиции како барател на азил - според Законот за бенефиции на барателите на азил, во изминатите 24 месеци.

Доколку ги исполните сите овие потребни работи, следува процесот на аплицирање кој се одвива во германската амбасада. Таму ќе добиете одговори на сите ваши прашања како и како да закажете состанок. Од документацијата треба да приложите договор за вработување или обврзувачки договор - на кандидатите над 45 години им е потребен договор за вработување кој гарантира годишна плата од 49.830 евра бруто. Потребно е да понесете и валиден пасош, лична фотографија (големина на пасош), доказ за доволно финансиски средства, здравствено осигурување и каква било конкретна документација што амбасадата може да ја побара.

Се бараат келнери, бебиситерки, продавачи...

А ако повеќе сте заинтересирани да ја запознаете германската култура отколку да заработите пари, ви се нуди и програма „au pairs“ - или работа како дадилка во германско семејство. Во оваа програма се очекува да бидете гости на германско семејство и да се грижите за нивните деца, како и да работите некои мали домашни работи. Семејството е должно да ви обезбеди соба, храна и мала месечна претплата за работата што ја работите, која збирно може да изнесува до 30 часа работа неделно.

За да работите како дадилка, мора да имате 18 години кога ќе ја започнете работата и под 27 години кога аплицирате за дозвола за престој. Потребно ви е и основно познавање на германски јазик (најмалку А1), дека не сте поврзани со семејството во кое престојувате и дека сте способни да работите како дадилка најмалку 6 месеци - а најмногу една година. Семејството домаќин го наоѓате сами, а тоа можете да го направите преку платформите AuPair, AuPairCare, AuPairWorld или други доверливи агенции.

Постапката е слична како и за другите работни места, треба да закажете термин во амбасада, а потребни се следните документи: пополнет формулар за апликација, пасош плус копија од него, CEFR A1 ниво на германски јазик, доказ за здравствено осигурување (што е еквивалентно на германско), пример договор „au pair“, CV плус мотивационо писмо, виза од 75 евра.

Во однос на работните места, ќе имате големо поле за избор. Од сезонските во земјоделството, типични се бербата на овошје и зеленчук, како и земјоделските работи - идеалното време за такви работни места во Германија е меѓу март и октомври. Во угостителството, работата во хотели, ресторани и кафулиња е секогаш достапна: од позиција на келнер и готвач до рецепционер. Во текот на летото се одржуваат и музички и филмски фестивали. Во оптек има малку повеќе физички работи (екипа за поставување и отстранување на сцената), како и работа на фотограф, продавач на сувенири и келнер. Работни места има и во големи синџири како Мекдоналдс, Лидл и други - касиерски позиции, работа во кујна и магацин.

Оваа програма е наменета за студенти од земји со ниски приходи, па затоа саатниците од 12 до 20 евра за одредени работни места се примамливи.

Нин.рс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката