29 Мај, 2024
0.0267

Како до нов стан без стрес?

Објавено во: Мои пари 10 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Оваа дилема сигурно ве навела да ги обиколите сите банки и внимателно да направите анализа на понудите на станбените кредити. Сите кои биле пред одлуката кој кредит да го изберат за да купат стан или да го реновираат својот, знаат дека прашањата што најмногу ги мачат се дали ќе можат да бидат сигурни во непроменливоста на месечната рата, колку ќе треба да платат за административните трошоци, дали има скриени трошоци?

Охридска банка Сосиете Женерал ја претстави досега најповолната понуда  на пазарот и на своите клиенти им го понуди „План за стан со гарантирана фиксна каматна стапка до 2030 година“ со вклучено кредитно животно осигурување и без банкарски трошоци. 

„План за стан 2030“ е кредит со најдолго гарантирана фиксна каматна стапка, промотивна намалена каматна стапка за првите три години, со кој Банката обезбедува највисоко ниво на транспаретност и сигурност за клиентите на кои им е потребен кредит за недвижности.

Промоцијата нуди фиксна каматна стапка до 2030-та година која изнесува 3,90% за првите три години и 5,95% фиксна каматна стапка од четвртата до четиринаесеттата година.

Клиентите кои во промотивниот период, до 10-ти февруари 2017 година, ќе аплицираат за опцијата „План за стан со гарантирана фиксна каматна стапка до 2030”, ќе бидат ослободени од банкарските трошоци: административен трошок, трошок за апликација и трошок за проценка на имот.

Како банка која нуди и услуги за животно осигурување, Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите кои ќе аплицираат за станбениот кредит „План за стан 2030“, да изберат помеѓу двата пакета за животно осигурување и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот или целосниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот. Со промоцијата, клиентите на Охридска банка Сосиете Женерал се сигурни и точно ја знаат висината на ратата. Така, на пример, за станбен кредит со кредитно животно осигурување во износ од 30.000 евра и со рок на отплата од 240 месеци, месечната рата во првите три години изнесува 187 евра, а од четвртата до четиринаесеттата година e загарантирана да биде 217 евра месечно.

Сè што треба клиентите да направат е да посетат една од експозитурите на Банката и да ја почнат едноставната процедура за апликација.

Можеби ќе ве интересира

По успешната деловна година, НЛБ Банка ќе исплати дивиденда во висина од 36,6 милиони евра

По успешната деловна година, НЛБ Банка ќе исплати дивиденда во висина од 36,6 милиони евра

Galaxy AI доаѓа на новиот Galaxy Watch и дополнително ги мотивира корисниците да го следат своето здравје

Galaxy AI доаѓа на новиот Galaxy Watch и дополнително ги мотивира корисниците да го следат своето здравје

Завршна изложба „Поглед кон Порта Европа“ во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Завршна изложба „Поглед кон Порта Европа“ во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Успешно заврши првата конференција за млади претприемачи и жени претприемачи „Круг на нови можности“ во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

Успешно заврши првата конференција за млади претприемачи и жени претприемачи „Круг на нови можности“ во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ на турнир од светската карате лига во Казабланка

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ на турнир од светската карате лига во Казабланка

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ВЛОЖУВА ВО ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ВЛОЖУВА ВО ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКА

ENplus® предупредува: се продаваат пелети со лажно деклариран квалитет, потрошувачите да внимаваат!

ENplus® предупредува: се продаваат пелети со лажно деклариран квалитет, потрошувачите да внимаваат!

Новиот Porsche 911: T-Hybrid за значително подобрени перформанси

Новиот Porsche 911: T-Hybrid за значително подобрени перформанси

НЕВЕРОЈАТНИ ОСУМ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА КАЈ ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ

НЕВЕРОЈАТНИ ОСУМ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА КАЈ ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ