КАКО ДО ПОЕВТИНИ АВИОНИ БИЛЕТИ: „Кој ризикува – профитира“
Објавено во: Финансии 18 Јануари, 2025 10:00
Ивана и Горан Бабиќ, попознати на социјалните мрежи како „Два ранци - бегство од занданата“, кои посетиле 57 земји, откриваат како функционираат веб-страниците на кои авионските билети се поевтини отколку на официјалните веб-страници на компанијата.
Тие објаснија дали веб-страниците кои препродаваат авионски билети се доверливи и ги споделија своите добри и лоши искуства.
– Често купуваме билети преку овие сајтови и само минатата година, на едномесечно патување низ Азија, благодарение на ова заштедивме речиси 500 евра. Пред две години карта од Кувајт до Абу Даби плаќавме само 20 евра, додека на сајтот Етихад тогаш беше речиси 100 – објавија на својот Инстаграм профил.
Имено, во видеото кое го објавија на социјалните мрежи, Бабиќите го споделија своето искуство и објаснија како функционираат веб-страниците кои препродаваат авионски билети.
– Да разјасниме, ако не прашате како добиваме евтини авионски билети, еден од одговорите е користењето на овие сајтови. Тој што ризикува, профитира. Кога бараме лет, најпрво ни ги прикажува најприфатливите опции, често веб-страница која препродава авионски билети, а поретко директна авиокомпанија. Потоа нè пренасочува таму, на некои сајтови можете да креирате сметка и да ја преземете апликацијата, а на некои не можете. Онаму каде што тоа не е можно, погрижете се правилно да ги внесете вашите информации, особено вашата е-пошта. Овие страници работат како агенции, добивајќи бенефиции и билети по пониски цени. Потоа поставуваат цени кои се пониски од авиокомпанијата, за да бидат конкурентни, а сепак да профитираат. Да појасниме, да речеме дека добиваат попуст од 30 отсто, ја одредуваат нивната цена за 15 отсто пониска од авиокомпанијата и сепак остваруваат профит – наведува Бабиќ.
Тие се присетија и како се случило еднаш сајтот да им ги земе парите и да не го издаде билетот затоа што во меѓувреме биле распродадени.
– Пишавме до техничката поддршка што е можно побрзо и бевме упорни, па ни ги вратија парите во рок од пет часа. Во спротивно, според законот тоа мора да го сторат во рок од 72 часа. „Всушност, од многуте пати ова се случи само еднаш, па дури и тогаш ни ги вратија парите и најдовме други билети“, додаваат тие.
Бизпортал.рс
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





