05 Декември, 2025
0.0425

Како домашните пензиски фондови стануваат главни кредитори на Владата?

Објавено во: Финансии 13 Октомври, 2013 08:22

Добивај вести на Viber

Анализата на уделот на кредиторите покажува дека од почетокот на 2012 та година драстично е зголемено учеството на Пензиските фондови, односно ако во јануари 2012 та година тие во долгот учествувале со 4,6%, во август 2013 та овој процент се искачи на скоро 23%. Овој тренд следува откако Владата законски ги обврза пензиските фондови предвреме да ја продадат Еврообврзницата и слободните пари да ги вложуваат на домашен терен. 

Преку две аукции на државни записи и една аукција на државна обврзница, Владата во вторник ќе се обиде да обезбеди скоро 63 милиони евра од домашните кредитори. Последното задолжување на домашен терен се случи на 1 во октомври кога државата планираше да обезбеди 77 милиони евра, но на крајот од денот се задолжи со скоро 115 милиони евра, или 40 тина милиони евра повеќе од првичниот план.

Министерството за финансии веќе најави дека Владата ќе се сврти кон задолжувањата од домашните кредитори и дека овој извор ќе биде клучен за финансирање на продлабочениот буџетски дефицит од 3,5% на 3,9% од Бруто Домашниот Производ.

“Посебен акцент ќе се стави на продолжување на рочноста на постојното портфолио на државни хартии од вредност, кое се состои од 2, 3 и 5 годишни државни обврзници, со издавање на 7 и 10 годишни државни обврзници. Особен интерес за вложување во долгорочните хартии од вредност издадени од Република Македонија се очекува од пензиските друштва, како и од комерцијалните банки и осигурителните компании“ – пишува во Фискалната Стратегија на Владата.

Економистите се поделени за тоа од кои извори треба да се финасираат дефицитите. Дел сметаат дека во услови на неизвесност на меѓународните финасиски пазари, Македонија не треба да ризикува задолжувања со високи камати. Дел пак, велат дека задолжувањата на домашен терен ја “гушат“ економијата поради врзување на големи суми пари од сметките на банките на сметка на државата, наместо за кредитирање на фирми и на граѓани.

Задолжувањата на домашен терен веќе достигнаа скоро 40% од Јавниот долг на Централната Влада, или заклучно со август, државата на домашните кредитори им должи 1 милијарда и 77 милиони евра. Вкупниот Јавен долг на Централната Влада во август изнесува 33,8% од БДП По задолжувањето од 63 милиони евра во вторник, веќе во среда по основ на доспеани записи, државата на кредиторите треба да им врати исто така 63 милиони евра. Со оглед на тоа што побарувачката за записи е поголема од понудата, не е исклучено државата да се задолжи со поголем износ од оној што е планиран. Во меѓувреме, додека старите долгови се враќаат со нови, секое евро над планираното, останува во буџетот, како кумулирано ново задолжување. До крајот на оваа година треба да се оддржат уште осум аукции на државни хартии од вредност. Кои се домашните кредитори ? Комерцијалните банки и Пензиските фондови се главните кредитори на Владата на домашен терен.

“Фактор“ ја објавува листата на процентуално учество на кредиторите. Еве колку изнесува нивниот удел во вкупното задолжување преку хартии од вредност :

Комерцијални банки       54,78%

Пензиски фондови          24,77% Осигурителни компании   3,80% Штедилници                      0,11% Друго                                 16,53%

Физички лица                      0,01%

Анализата на уделот на кредиторите покажува дека од почетокот на 2012 та година драстично е зголемено учеството на Пензиските фондови, односно ако во јануари 2012 та година тие во долгот учествувале со 4,6%, во август 2013 та овој процент се искачи на скоро 23%. Овој тренд следува откако Владата законски ги обврза пензиските фондови предвреме да ја продадат Еврообврзницата и слободните пари да ги вложуваат на домашен терен. Од продажбата на Еврробврзницата тие инкасираа 10 милиони евра, но според оценката на експертите, од неа фондовите требаше да заработуваат долгорочно, до датумот на нејзиното доспевање. Од друга страна, банките забавија со купување на државни записи, но и натаму тие се сметаат за клучни кредитори на кои отпаѓа половина од долгот. Интересот за записи е намален кај Осигурителните компании и штедилниците.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката